Спорт
Сити си дозволи со пораз да оди во четврт-финалето (видео)
„Машината“ на Пеп Гвардиола, Манчестер сити си дозволи да загуби на домашен терен од швајцарскиот аутсајдер Базел со 1:2 за пласман во четврт-финалето, откако на гостувањето триумфираше со 4:0.
Натпреварот почна совршено за „граѓаните“, откако уште во …


„Машината“ на Пеп Гвардиола, Манчестер сити си дозволи да загуби на домашен терен од швајцарскиот аутсајдер Базел со 1:2 за пласман во четврт-финалето, откако на гостувањето триумфираше со 4:0.
Натпреварот почна совршено за „граѓаните“, откако уште во осмата минута Габриел Жесус својот кам-бек на терените по повредата да го круниса со гол по една одлична акција на Лирој Сане и Бернардо Силва.
Швајцарците, сепак, дојдоа во Англија да играат фудбал. Норвежанецот Мохамед Елјунуси во 17. минута израмни на 1:1, за во 71. минута одлично да му асистира на Михаел Ланг за импресивна победа над еден од најмоќните клубови во Европа и чесно збогување од натпреварувањето.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спалети повеќе не е селектор на Италија

Лучано Спалети повеќе не е селектор на Италија, беше објавено во недела.
Фудбалскиот сојуз на Италија, му врачи отказ на селекторот по дебаклот во првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во Осло.
Четирикратните светски шампиони беа поразени од Норвешка со 3:0, а сè беше решено веќе во првото полувреме.
Италијанците не се квалификуваа за последните две Светски првенства, а уште еден неуспех да се пласираат на завршниот турнир би бил вистинска фудбалска трагедија на Апенините.
Спалети дојде на чело на „Азурите“ од август 2023 година, кога го наследи Роберто Манчини.
На Европското првенство во Германија минатата година, тие не успеаја да ја одбранат титулата, бидејќи веќе беа елиминирани во осминафиналето од Швајцарија.
Спорт
Три клуба ќе истапдна од Првата лига, два ќе играат бараж за опстанок

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени значајни одлуки поврзани со организацијата и регулативите во македонскиот фудбал.
Усвоен е нивиот систем за натпреварување во Прва МФЛ, Втора МФЛ и Третите регионални лиги, почнувајќи од натпреварувачката сезона 2026/27.
Се врши реорганизација на регионалната поставеност на Третите лиги во шест нови региони, кои дополнително ќе бидат дефинирани преку измени во Правилникот за регионална организација на ФФМ.
Prvata MFL од sezobata 2026/27 ќе брои 10 екипи, а не како досега 12, додека Втората лига се намалува на 14 клубови. Од Првата лига ќе испаднат екипите кои ќе бидат пласирани на 10, 11 и 12. место во шампионатот, додека осмата и деветтата екипа ќе играат бараж за опстанок.
Од Втората лига следната сезона ќе испаднат дури пет екипи, кои ќе бидат пласирани од 12. до 16. место, додека од деветта до 11. позиција ќе играат бараж за опстанок.
Спорт
Манчестер сити се засили со лев бек

Манчестер сити го договори сите детали околу трансферот на дефанзивецот на Вулверхемптон, Рајан Аит Нури.
Според информациите од Островот, „граѓаните“ се согласиле да платат повеќе од 40 милиони евра за обештетување на неговиот поранешен клуб. Договорот ќе биде потпишан на пет години.
Се очекува наскоро да ги помине медицинските прегледи и сè да биде завршено до 20 часот во вторник, за да може Сити да го регистрира за Светското клупско првенство.
Алжирскиот интернационалец пристигна во Вулверхемптон од Анже во 2020 година. Одигра 157 натпревари и постигна 12 гола.
Анже ќе инкасира повеќе од 10 милиони евра од овој трансфер.