Европа
Најмалку 20.000 луѓе во Германија против TTIP
Илјадници луѓе, според организаторите од здружението Attaс Deutschland повеќе од 20 илјади само во Минхен учествувале на протестите против планираното потпишување на Договорот за трансатлантско тровско и инвестициско партнерство (TTIP) меѓу Европската унија и САД, како и Канада и други земи со кој треба да се создаде најголемата зона за бесцаринско тргување, за што се плашат дека ќе ги фаворизира интересите на компаниите и ќе ги снижи стандардите кои се однесуваат на храната, трудот и заштитата на природата.
Спротиставувањето на TTIP е особено силно во Германија, што делумно се објаснува со растечкото антиамериканско чувство кај Германците поради масовните шпионирања на разузнавањето на САД на милиони германски државјани, вклучително и на канцеларката Ангела Меркел, но и стравувањето од доминацијата на американските мултинационални компании, како Google, на пример, во дигиталната сфера.
Едно неодамнешно испитување на јавното мнение покажа дека 43 отсто од Германците се убедени Договорот за трансатлантско партнерство во трговијата и инвестициите (Transatlantic Trade and Investment Partnership – TTIP) ќе биде негативен за нивната земја, додека само 26 отсто го сметаат за позитивен.
„Според информациите, во моментов на протестот во Минхен учествуваат околу 20 илјади луѓе, во Лајпциг илјада а во Штутгарт две илјади“, изјави за агенцијата РИА, портпаролот на здружението Attaс Deutschland, Томас Еберхард-Кестер.
Според соопштението на полицијата, коешто го пренесува агенцијата DPA, на протестите во саботата во Штутгарт учествувале околу две илјади демонстранти, во Улм речиси 1.200, а во Кил 600 луѓе. На протестот во центарот на германската престолнина Берлин, според медиумските извештаи присуствувале повеќе од четири илјади демонстранти, додека полицијата проценува дека ги имало 600. Маршеви на демонстрантите имаше и во Лајпциг и во Франкфурт.
Демонстрантите во центарот на Берлин во знак на протест против потпишувањето на договорот направија човечки синџир кој се протегаше Потсдамер Плац од зградата на амбасадата на Канада преку американската амбасада преку Бранденбуршката порта до претставништвото на Европската унија во Германија. Учесниците во оваа верига потпишаа декларација предадена во мисијата на ЕУ во која се истакнува дека треба да се најде алтернатива за договорите TTIP и CETA.
На протестите во саботата учествуваа претставници на партиите Левица и Зелените, на синдикати, невладини организации и граѓански иницијативи.
Од јули 20913 година Европската унија подалеку од очите на јавноста води преговори за ткн TTIP со други земји. Договорот треба да биде изработен во текот на 2015 година, по што во текот на следната половина година треба да биде одобрен од Европскиот парламент и ратификуван од националните парламенти на 28-те земји членки./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

