Економија
Бектеши: Дијаспората дел од финансиската поддршка за инвестирање во земјата
Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска одржа работна средба во Стопанската комора на северозападна Македонија, каде што пред претставниците на деловните субјекти, членки на Комората, ги презентира мерките за финансиска поддршка на инвестициите.

Министерот Бектеши пред претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа, рече дека со стопанските комори како партнери на Министерството за економија се креираат и спроведуваат економските политики во земјата. Планот за економски раст, рече Бектеши, вклучува три главни столба, финансиска поддршка за инвестиции, финансиска поддршка за конкурентност и финансиска поддршка за малите и средните претпријатија.
Првпат, додаде Бектеши, се предлагаат мерки со кои ќе се стимулира и дијаспората, односно за сограѓаните што привремено живеат и работат во странство се создадаваат услови за враќање во земјата и за инвестирање додавајќи дека време е да се запре иселувањето на младите и нивно враќање во Македонија.
„Меѓу главните теми за што разговаравме, денес беше и приклучувањето на дијаспората во мерките за финансиска поддршка, со што ќе ги привлечеме да инвестираат во земјата. Како што знаете, предлагаме мерки за поддршка за нашите сограѓани, кои привремено живеат во странство со единствена цел да имаат можност да се вратат во земјата и тука да го инвестираат својот капитал стекнат во странство. Во следните неколку дена ќе работиме на изнаоѓање модалитети за поддршка на инвестициите што доаѓаат од нашите сограѓани што живеат во странство“, рече министерот Бетеши.
Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа, рече дека законот е многу позитивен и дека членовите на Комората направиле темелна анализа на овој закон, при што коментарите на сите се позитивни. Хоџа додаде дека тие бараат олеснување на процедурите за аплицирање, контрола на распределбата на овие средства и поголемо внимание да се посвети на жените претприемачи од руралните области на земјата.
„Законот за финансиска помош за инвестиции е закон што долго време го чекаме и е закон што нашата Комора постојано го поддржува бидејќи тоа е закон што се грижи за малите и средните претпријатија, а економијата на земјата зависи токму од овие бизниси“, рече Хоџа.
Министерот Бектеши ја искористи можноста да им го честита меѓународниот Ден на жената, 8 Март, на сите жени во Македонија информирајќи ги дека во форма на мал подарок Министерството за економија го објави јавниот повик за субвенции за претпријатија менаџирани од жени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

