Спорт
Блатер: ФИФА треба ја тргне суспензијата
Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер најави дека планира да побара од комисијата за етика на светската федерација да побара да се тргне неговата шестгодишна суспензија од спортот.
Блатер, кој 17 години беше на чело на ФИФА, беше суспендиран во 2…

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, најави дека планира да побара од Комисијата за етика на светската федерација да побара да се тргне неговата шестгодишна суспензија од спортот.
Блатер, кој 17 години беше на чело на ФИФА, беше суспендиран во 2015 година по најголемиот корупциски скандал во историјата на федерацијата, а во исто време и швајцарскиот јавен обвинител покрена случај против него за криминални активности, иако подоцна не беше покренато обвинение.
„Поминаа две и пол години и случајот не се придвижи. Тоа е како да имаш Дамоклов меч над мојата глава бидејќи никогаш не знаеш што ќе дојде следно. Сега барам решение од етичката комисија на ФИФА бидејќи се работи за глупава суспензија. Се надевам дека ќе има решение во следните три месеци, пред отворањето на Светското првенство во Русија“, изјави Блатер.
Блатер потврди дека е поканет од рускиот претседател Владимир Путин да биде гостин на Светското првенство во Русија во јуни и јули.
„Почестен сум од тој гест и ја прифатив поканата“, додава Швајцарецот.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Одигра за чиста десетка – Меси го однесе Интер во полуфиналето на Истокот
Лионел Меси (38) со брилијантна партија го однесе Интер Мајами во полифиналната Источна конференција во МЛС.
Мајсторката со Нешвил, Интер ја добија со 4:1. Меси имаше два гола и една асистенција.
Меси го отвори резултатот во десеттата минута со шут од земја од малку повеќе од 16 метри, а од слична ситуација погоди и во 39-тата минута. Во 76-та минута, Тијаго Алмада постигна гол за 3:0, а три минути подоцна Меси му асистираше за конечни 4:0.
Освен брилијантниот настап што го одведе Интер Мајами во следната фаза од натпреварувањето, Меси беше оценет на Софаскор со чиста 10.
Меси против Нешвил забележа и јубилеј од 400 асистенции во кариерата.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.

