Свет
САД нудат пет милиони долари за информација за лидерот на талибанците во Пакистан

Соединетите Американски Држави понудиле награда од пет милиони долари за информација за лидерот на екстремистичката талибанска група во Пакистан, Мулаху Фазлулаху. Оваа екстремистичка група со децении води бунт во Пакистан, пренесува „Ројтерс“.
Веста за паричната награда стигна во моменти на влошување на односите меѓу САД и Пакистан, кога пакистанскиот министер за надворешни работи е во посета на Вашингтон поради разговори за интензивирање на соработката во борбата против тероризмот и за американската воена стратегија во Авганистан.
Американскиот Стејт департмент понуди парична награда од три милиони долари и за уште двајца талибански екстремисти Абдула Вали и Мангала Бага.
„Секој од нив извршил или ќе изврши терористички напад и претставува закана за безбедноста на САД и нивните граѓани“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел, објави иранската новинска агенција Фарс. Во Тел Авив и други локации во централен Израел се објавени тревоги, а сирените се огласија и на северот од земјата.
Израелското Министерство за национална безбедност ги повика граѓаните да останат блиску до засолништата и бункерите.
Секое движење на јавни места треба да се сведе на минимум и да се избегнуваат јавни собири. Овие наредби ќе останат во сила додека не се објави ново известување, соопштија израелските власти.
Ова е прв пат од почетокот на конфликтот Иран да изврши дневен напад врз Израел. Досега сите напади беа изведувани во текот на ноќта
Свет
Русија и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната

Русија денеска и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната, објавија руските новински агенции ТАСС и РИА.
Ова е четврто во серијата предавања на останки на загинати војници во изминатата недела, во согласност со договорот постигнат меѓу Русија и Украина на разговорите во Истанбул претходно овој месец.
За време на разговорите во Истанбул на почетокот на јуни, Киев и Москва се согласија да предадат по 6.000 тела и да разменат болни и тешко ранети воени заробеници и лица под 25 години.
Русија вели дека досега ѝ предала на Украина тела на речиси 5.000 украински војници, но за возврат добила само 27 тела на убиени руски војници.
Украина и Русија досега извршија и три размени на воени заробеници, но не го објавија нивниот точен број.
Свет
Москва нападна рафинерија за гориво на украинската армија

Руските вооружени сили ноќеска ја нападнале нафтената рафинерија во украинскиот град Кременчук, која, според Москва, снабдува гориво за украинските сили во Донбас.
Според соопштението од руското Министерство за одбрана нападот бил изведен со ракети и дронови, и бил успешен.
Москва тврди дека нејзините сили презеле контрола врз селото Малиновка и навлегле длабоко во Сумската област, каде, како што велат, украинската армија претрпела сериозни загуби. Сепак, Русија досега официјално нема барања за анексија на Сумската област, иако наведува дека таму би воспоставила безбедносна зона.
Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера соопшти дека украинската армија повторно ја презела контролата врз селото Андреевка во североисточниот дел на Сумската област.