Спорт
Торонто ја сопре низата на Рокитс, Никси пак загубија (видео)
Кајл Лаури постигна 30 поени за Торонто репторс да го издржат фуриозниот кам-бек на Хјустон рокитс и да стигнат до 108:105 победа во „Ер Канада“ центарот, ставајќи крај на низата од 17 победи на гостите.
Џејмс Харден постигна тројка за израмнување, но …

Кајл Лаури постигна 30 поени за Торонто репторс да го издржат фуриозниот кам-бек на Хјустон рокитс и да стигнат до 108:105 победа во „Ер Канада“ центарот, ставајќи крај на низата од 17 победи на гостите.
Џејмс Харден постигна тројка за израмнување, но Демар Дерозен го врати водството за Торонто на 1:49 пред крајот. Лаури и Јонас Валанчиунас потоа постигнаа поени од слободно фрлање за печат на победата.
Хјустон губеше со дури 19 поени пред да се вратат во игра – Харден замина од Канада со 40 поени, Дерозен имаше 23 за Торонто.
Крис Мидлтон имаше 30 поени со 11-од-16 од поле, Јанис Антекумбо додаде 28 поени и 10 скокови за Милвоки бакс да ги совладаат Њујорк никс со 120:112.
Тим Хардавеј Јуниор имаше 26 поени, а Трој Вилијамс додаде 18 поени до клупата за Никс, но не успеаја да спречат шести пораз во низа и 14-ти пораз во последните 15 натпревари.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Торонто – Хјустон 108:105
Милвоки – Њујорк 120:112
Њу Орлеанс – Вашингтон 116:97
Мемфис – Јута 78:95
Индијана – Атланта 112:87
Детроит – Чикаго 99:83
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Слот има добри вести: Собослaј е подготвен, се враќа Фримпонг
На прес конференцијата на Арне Слот пред гостувањето на Ливерпул кај Тотенхем имаше добри вести, но „Црвените“ одат во Лондон без седум играчи. Тотенхем и Ливерпул играат во 18:30 часот.
Иако имаше многу шпекулации, Арне Слот вели дека Доминик Собослај треба да биде подготвен за натпреварот во сабота. Добрата вест е дека повредата на Коди Гакпо не е толку сериозна како што првично се чинеше.
Конор Бредли, кој ја отслужи суспензијата против Брајтон, исто така ќе се врати во тимот, а ќе се врати и Џереми Фримпонг, кој отсуствуваше поради повреда од 22 октомври.
Заедно со добрите вести, има и некои не толку пријатни. Арне Слот не може да смета на Џо Гомез, Мохамед Салах не е тука, исто така и Ватару Ендо, Џовани Леони, Стефан Бајчетиќ, Џејден Фанс и Кајде Гордон.
Слот објасни дека ќе знае дали Собослај може да биде на теренот од самиот почеток, по денешниот тренинг, односно кога ќе разговара со медицинскиот персонал после тоа.
„Ако се чувствува добро, ако сè оди како што треба, тогаш ќе биде стартер“, рече Слот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Барселона сепак ќе го откупи договорот на Рашфорд
Макрус Рашфорд (28) ја оправдува довербата што клубот му ја покажа кога го донесе на позајмица минатото лето со неговите настапи во дресот на Барселона. Англискиот напаѓач досега постигна седум гола и девет асистенции во 23 официјални натпревари. Затоа, во спортскиот сектор, Барселона сè повеќе размислува за активирање на откупната клаузула, пишува „Мундо Депортиво“.
Рашфорд се покажа како исклучително важно решение за тренерот Ханси Флик, особено во периодот кога тимот беше без повредениот Рафиња речиси два месеци. Напаѓачот, на позајмица од Манчестер Јунајтед до 30 јуни следната година, ја искористи својата можност и играше на многу високо ниво.
Затоа, раководството на клубот во овој момент ја разгледува опцијата да ја активира откупната клаузула вредна 30 милиони евра и да го задржи Англичанецот во своите редови.
Она што особено се цени кај англискиот репрезентативец е неговата разноврсност. Рашфорд може да игра на лево и десно, но и како централен напаѓач, што му дава на Флик многу тактички опции, особено во случај на повреди на други играчи.
Неговиот придонес е видлив не само преку головите, туку и преку деветте асистенции кои сведочат за прецизноста на неговите додавања и центрирања, без разлика дали од игра, корнери или слободни удари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капело му се восхитува на голманот на Рома
Пред натпреварот помеѓу Јувентус и Рома, легендарниот тренер Фабио Капело ги откри своите очекувања за дербито во Серија А.
Капело некогаш ги водеше двата клуба, а сега издвои четири фудбалери кои би можеле да бидат клучни фактори во играта, а како Икс фактор го издвои голманот на Рома.
„Свилар. Тој е најдобриот голман во лигата со неверојатен преглед на играта и извонредни одбрани. Тој е голман кој се смета за напаѓач во целокупниот биланс на тимот“, рече славниот Капело.
Што се однесува до другите играчи, Капело го гледа и бразилскиот бек Весли како клучен фактор во Рома, додека Кенан Јилдиз и Франциско Консеисао се во преден план во тимот на Јувентус.
Јуве и Рома се среќаваат во сабота на стадионот „Алијанц“ во Торино во 16-то коло, во Серија А.
„Црно-белите“ се петти на табелата со 26 бода, четири бода зад четвртопласираниот противник.
Foto/ freerangestock

