Македонија
Градоначалникот Темелковски го означи почетокот на Меѓунaродниот карате турнир „Фунакоши Гичин“
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денеска свечено го отвори Меѓунaродниот карате турнир „Фунакоши Гичин“ и пред пристуните во преполната спортска сала „Архиепископ Доситеј“ изрази големо задоволство што ја има честа да го означи почетокот на Меѓународниот карате турнир „Фунакоши Гичин“.

Темелковски нагласи дека сите спортски работници се наши претставници и најголеми амбасадори надвор од нашата држава. Воедно, на учесниците, гостите и спортските работници им посака многу успеси во текот на овој карате турнир.

Покрај ова, од страна на карате клубот „Фунакоши Гичин“ на градоначалниот Филип Темелковски му беше доделена плакета за помош во организирањето и реализацијата на Меѓународниот карате турнир „Фунакоши Гичин“.
Клубот „Фунакоши Гичин“ кој по деветти пат е организатор на овој турнир во Општина Кисела Вода, основан е во 2003 година, од страна на Стојан Андриевски карате мајстор во шестти дан. Досега овој клуб бележи бројни успеси и има освено преку 2000 медали, како на домашни така и на меѓународни натпревари.
Денешниот Меѓународен карате турнир „Фунакоши Гичин“ се одржува под покровителство на Општина Кисела Вода, Карате федерацијата на Македонија и туристичката агенција СКАУТ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

