Црна хроника
САД ќе платат 190 млн долари на жртвите на налудничавиот гинеколог
Еден од најреномирани медицински факултети во САД ќе исплати 190 милиони долари на илјадници жртви на налудничав гинеколог кој своите пациентки ги снимал без нивно знаење.
Адвокатите кои застапуваа околу 8.500 тужителки изјавија дека судот во Балтимор, каде се наоѓа славниот универзитет „Џон Хопкинс“ на кој има и студии по медицина, го прифатил барањето за отштета.Никита Леви, гинеколог кој повеќе година работел на „Џон Хопкинс“, ги фотографирал и снимал своите пациентки со минијатурен фотоапарат сокриен во пенкало. Леви во февруари 2013 година изврши самоубиство, две седмици пред да избувне скандалот. Полицијата во неговиот приватен компјутер пронашла „големо количество докази“.Коа дознале што правел докторот Леви, „нашите клиентки беа понижени“. „Сега, благодарејќи на отштетата, ќе може да започне процесот на лекување“, се вели соопштението на адвокатите./крај/мф/снu.
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

