Македонија
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажниот патриoтизам на Груевски, велат од СДСМ

Блокирајќи го Законот што тие го прифатија во надеж дека ќе формираат Влада, впрочем ги блокираат реформите со што го кочат развојот на Македонија. Со тоа дејствуваат на директна штета на граѓаните и на државата, порачуваат од СДСМ.
„Христијан Мицкоски продолжува да ги води истите политики што ги водеше неговиот претходник Никола Груевски, а коишто нанесувааат штета врз државните и интересите на граѓаните. Мицковски треба да смогне сили, вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ и да ги надмине политиките на поделби и омраза на неговиот претходник во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го прифатат концептот на едно општество, а не напразно да го споменуваат во јавноста и низ медумите. Без разлика на штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија станува модерна демократска држава и едно општество за сите граѓани“ се наведува во соопштението од СДСМ..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од населбата Драчево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе остане дел од населбата Драчево.
Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Маркова Река во населба Драчево, општина Кисела Вода, ќе останат без струја.
Македонија
Сончево и ветровито време, температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во следните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.