Спорт
Бизнисменот кој влезе на теренот на Вест Хем вели дека морал да направи нешто
Фудбалскиот навивач кој влезе на теренот на Вест Хем и го постави знаменцот од корнерот во центарот англиските медиуми го идентификуваа како 61-годишниот бизнисмен Пол Колборн, кој вели дека „морал да направи нешто“ и доброволно се предал на полицијата…


Фудбалскиот навивач кој влезе на теренот на Вест Хем и го постави знаменцето од корнерот во центарот англиските медиуми го идентификуваа како 61-годишниот бизнисмен Пол Колборн, кој вели дека „морал да направи нешто“ и доброволно се предал на полицијата.
Кризата во Вест Хем беше продлабочена со 0:3 поразот од Барнли, но најмногу шокираа четирите влегувања на терен на навивачите, вклучувајќи обид за напад на директорите на клубот, а еден од навивачите доби „зафат“ од капитенот Марк Нобл.
Колборн, зборувајќи за „Дејли мејл“, вели дека 49 години присуствува на натпреварите на Вест Хем и жали за своите постапки, но вели дека морал да го искаже своето незадоволство и лутина кон сопствениците откако Вест Хем го срушија „Аптон парк“, стадионот кој беше 112 години дом на клубот.
„Одам на натпревари на Вест Хем дома и на гости 49 години и сум бил на повеќе од 200 натпревари. Не планирав ништо, но во тој момент почувствував дека морам да направам нешто. Мораш да застанеш зад тоа што веруваш. Луѓето умирале и биле ставани на стрелање за тоа во што веруваат. Не бев насилен, но не можев да издржам кога Барнли поведе со 0:2. Се прекачив преку оградата го земав знамето и тргнав кон центарот“, објаснува Колборн.
The state of West Ham’s fanbase. Robbing the corner flag in the middle of the game. pic.twitter.com/3uPURJNNQx
— Daniel. (@Danderweireld) March 10, 2018
Тој беше соочен со велшкиот дефанзивец на Вест Хем, Џејмс Колинс, познат како „Црвенокосиот Пеле“ меѓу навивачите на „чеканите“.
„Џејмс Колинс дојде и ми кажа: ‘Што правиш?’. Јас му кажав дека тој е тука 15 години и дека го сакам, но дека јас сум тука 49 години и го поставив знамето во центарот. Колинс беше навистина разумен со мене“, додава Колборн.
Вест Хем го очекува строга казна за случувањата и може да биде принуден натпреварите до крајот на сезоната да ги игра без навивачи.
Но, Колборн вели дека се работи за „симболичен гест“ и дека бил инспириран од сличен инцидент пред 25 години. Во мечот против Евертон на „Аптон парк“ еден навивач на „чеканите“ го зеде корнер-знаменцето и го постави во центарот во знак на протест за плановите за акции на клубот, со кои навивачите двапати ќе плаќаа – прво за акции, а потоа за сезонски билети. Планот подоцна беше напуштен.
Колборн, кој на сите натпревари оди со својот син тинејџер, вели дека ќе ги поднесе последиците.
„Се надевам дека фановите ќе се охрабрат, но јас ќе се соочам со последиците. Верувам дека ќе ме уапсат бидејќи во неделата се предадов и тие ми кажаа дека постои кривична истрага. Малку ми е страв дека Вест Хем ќе ме тужат и ќе ми ги соберат парите. Не сум безумен хулиган, а знамето не беше оружје“, додава Колборн.
Барнли му оддржа лекција на Вест Хем, фановите полудеа (видео)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Роналдо официјално прогласен за најдобар фудбалер на сите времиња во Португалија

Кристијано Роналдо е икона на светскиот фудбал, има соборено бројни рекорди во клупскиот и репрезентативниот фудбал, но вчера доби награда која особено ќе му биде драга, бидејќи доаѓа од неговата родна Португалија. Португалската лига го прогласи Кристијано Роналдо за „најдобар играч на сите времиња“ на гала вечерата.
Во објаснувањето накратко се наведува дека „тој е неопходна фигура во спортот и идол на милиони“ (ако не и милијарди луѓе), како и „дека тој одбележа ера што остава неизбришлив белег во светскиот фудбал“.
„Познат по својата работна етика, натпреварувачки дух и решителност во клучните моменти, влијанието на Кристијано Роналдо оди многу подалеку од неговата статистика. Помеѓу индивидуалните рекорди, тимските трофеи и медиумското влијание, тој изгради наследство кое го става на пиедестал – најдобриот на сите времиња“, се додава во објаснувањето на наградата.
Поради обврските во својот клуб, капитенот на Ал Наср не можеше да биде присутен на церемонијата, на присутните им се обрати преку видео порака:
„Благодарен сум на сите мои соиграчи кои во текот на мојата кариера ми помогнаа да го освојам, за мене, овој важен трофеј. Исто така, сакам да им се заблагодарам на сите тренери и други кои ми помогнаа на ова патување да станувам сè подобар и подобар.“
Se o 𝐆𝐎𝐀𝐓 fala, nós escutamos 🐐
A mensagem 💬 de Cristiano Ronaldo após ser premiado no 𝐋𝐢𝐠𝐚 𝐏𝐨𝐫𝐭𝐮𝐠𝐚𝐥 𝐀𝐰𝐚𝐫𝐝𝐬 🏆 pic.twitter.com/gdwEQEObYD
— Liga Portugal (@ligaportugal) September 10, 2025
Роналдо е светски рекордер по број на настапи и голови за Португалија. Во Унгарија го одигра својот 223-ти натпревар и го постигна својот 141-ви гол. Од Андориња, преку Насионал, Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус до Ал Наср, одигра 1065 натпревари со 802 гола во клубот, освои 31 трофеј, вклучувајќи три за Португалија и над 60 индивидуални награди.
Единствено што недостасува е титулата светски шампион, а последниот обид на 40-годишниот ас ќе биде на Светското првенство во 2026 година.
Foto/ EPA
Спорт
CIES: Кои тимови ќе бидат шампиони во Англија, Италија, Шпанија…?

Ако треба да се верува на статистиката, Ливерпул ќе ја брани титулата во Премиер лигата, Баерн повторно нема да има конкуренција во Бундеслигата, додека Серија А и Ла Лига ќе добијат нови шампиони.
Ова се проценки на фудбалски експерти од Меѓународниот центар за спортски студии (CIES). Истражувачка група од швајцарскиот град Нојшател ги објави резултатите од статистички модел кој ја предвидува веројатноста за освојување на шампионската титула за клубовите во 29 различни лиги низ целиот свет.
Интересно е што вечи статистиката за петте најсилни национални првенства во Европа.
Ливерпул ќе ја одбрани титулата во Премиер лигата, Баерн Минхен повторно нема да има конкуренција во Бундеслигата, исто како Пари Сен Жермен во Франција, додека Серија А и Ла Лига ќе добијат нови шампиони – Интер и Реал Мадрид.
Погледнете ги комплетните листи и коефициенти на сите тимови во најсилните пет национални шампионати во Европа:
Спорт
Ериксен „преку врска“ најде нов клуб

Данецот Кристијан Ериксен (33) се сели во Бундеслигата каде што ќе ги брани боите на Волфсбург.
Доколку ги помине лекарските прегледи, ќе ја зголеми мини-колонијата на своите сонародници. Јоаким Меле, Јеспер Линдстром, Андреас Сков Олсен, Адам Дагим и Јонас Винд веќе се под договор со клубот од Долна Саксонија.
И спортскиот директор на клубот е Данец – Петер Кристијансен, кој е најзаслужен за доаѓањето на Ериксен.
Данските медиуми објавуваат дека Ериксен е на пат кон Германија, каде што треба да ги заврши сите формалности и да потпише за нов клуб во текот на денот.
Ериксен ја заврши соработката со Манчестер јунајтед ова лето. Со Волфсбург ќе потпише едногодишен.