Спорт
Фетел: Од Ферари се тресат колената!
Ферари немаат освоено титула од 2007 година, така што очекувањата во Маранело и меѓу нивните тифози се огромни, посебно откако Италија нема да ја гледаат на Мундијалот. Човекот одговорен за оваа мисија, Себастијан Фетел го знае тоа многу добро.
Германс…

Ферари немаат освоено титула од 2007 година, така што очекувањата во Маранело и меѓу нивните тифози се огромни, посебно откако Италија нема да ја гледаат на Мундијалот. Човекот одговорен за оваа мисија, Себастијан Фетел, го знае тоа многу добро.
Германскиот возач влезе во спортот фуриозно, станувајќи најмлад освојувач на поени, на победи, на титули, откако Ред бул го пронајде наследникот на Михаел Шумахер освојувајќи четири титули во низа. Ова беше доволно да се убедат шефовите на Ферари дека тој е вистинскиот човек за враќање на славните денови. Фетел во необично долго интервју со „Спорт билд“, вели дека го нае тоа.
„Мотивација. Јас си поставувам сам притисок за да се мотивирам. Најважно е да се држиме заедно како тим и да имаме план. Сите во Ферари го даваат својот максимум за успех и се екстремно мотивирани. Можете да ја почувствувате страста за брендот и сите ги жртвуваат личните интереси за успехот на тимот. Енцо Ферари еднаш кажа: ‘Не можете да ја опишете страста, туку треба да ја искусите’. Црвената можеби е само боја, но таа во Формула 1 е за Ферари, за брзина за успех. Работите од кои се тресат колената“, вели Фетел.
Прашан како на 30 години со четири титули зад него наоѓа мотивација пред стартот на сезоната, Германецот е јасен.

„Има глад кој те тера да продолжиш. Не се работи за годините, туку за тоа дали си доволно брз да бидеш напред. Титули со Ферари? Важно е да се остане смирен и трезвен. Ако секогаш размислуваш за целта, можеш да ги заборавиш важните чекори до неа. Јас секогаш сум бил човек кој размислува чекор по чекор“, додава Фетел.
Минатата сезона помеѓу другите работи ја одбележа инцидентот на Азербејџан ГП трката во Баку, кога Фетел ги загуби нервите додека беше зад Луис Хамилтон и безбедносното возило и возеше паралелно до него.

„Сите можат да судат кога ќе згрешиш. Некои граници не треба да се преминат, но тоа се случува во животот. Да не се случуваше животот немаше да биде вреден за живеење. Исто така, интересно е што луѓето сами си формираат своја проценка. Ако бидам критикуван, нека биде така, животот продолжува. Луис е четирикратен светски шампион и еден од најдобрите во историјата. Тој е противник на теренот, но не во животот“, објаснува Германецот.
На крајот, Фетел зборува за својата втора неочекувана страст – косењето трева.
„Косењето трева ми носи огромно задоволство. Имам мало тракторче за косење трева и кога ќе завршам работа, навистина сум задоволен“, завршува Фетел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

