Скопје
’Соседска патрола’ низ општина Кисела Вода
Локалната самоуправа заедно со единиците на Министерството за внатрешни работи ночта во петокот изврши обиколка на повеќе воспитно-образовни објекти, паркови, игралишта кои во ноќните часови честопати знаат да бидат збиралиште за потенцијално ризични социјални групи или малолетници кои консумираат алкохол и остануваат до раните утрински часови, спротивно на законот во скопската општина Кисела Вода.
Градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со претставници на општинската администрација, месните заедници, директори на градинки и училишта и претставници од Полициската станица Кисела Вода и Одделението за превенција од криминал при СВР Скопје, во текот на вечерта и ноќта ги посетија дворовите на Основното училиште „Круме Кепески”, детските градинки „Расадник” и „Пржино” при „8 Март”, парковите „Македонија” и „Шопен”, неколку напуштени објекти и игралишта …
Со лицата кои беа затекнати, беше направен разговор и им беа објаснети законските правила и прописи, со цел едукација и подигање на свеста за и превенција од ситуации кои можат да доведат до посериозни нарушувања на јавниот ред и мир и безбедноста на жителите на ова подрачје.
Заедничките полициски патроли меѓу полициските службеници и единиците на локалната самоуправа кои се дел од стратешката рамка за обезбедување на поволни безбедносни услови за живеење на сите жители на општина Кисела Вода, ќе продолжат и во наредниот период. Дополнително, во тимовите ќе бидат вклучени и родители на кои ваквите акции треба да им обезбедат информација каде се движат и што прават нивните малолетни деца во текот на вечерните излегувања и дали има потреба од дополнителна комуникација меѓу нив во однос на укажаната доверба./крај/мф/таи
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

