Спорт
Шпанците безмилосни: Мурињо е како остарена рок-ѕвезда за пензионери
Шпанските медиуми беа, нормално, воодушевени од успехот на Севилја, која првпат влезе во четврт-финалето на Лигата на шампионите со импресивна 2:1 победа над неинсирираниот Манчестер јунајтед и нивниот „остарен“ стратег Жозе Мурињо.
Во „АС“, уредникот …

Шпанските медиуми беа, нормално, воодушевени од успехот на Севилја, која првпат влезе во четврт-финалето на Лигата на шампионите со импресивна 2:1 победа над неинсирираниот Манчестер јунајтед и нивниот „остарен“ стратег Жозе Мурињо.
Во „АС“, уредникот вели дека се работи за едно од најголемите остварувања во историјата на Севилја.
„На историскиот и антички ’Олд Трафорд’, кој секогаш ќе биде во историјата, Севилја играше чист фудбал против троглодитниот модел на Мурињо, во кое се инвестираа толку пари за Де Хеа да може да ја нафрли топката кон Фелаини и Лукаку. Севилја победи, но победи и фудбалот“, велат во „АС“.
Роберто Паломар во „Марка“ отиде и понатаму.
„Манчестер јунајтед е споменик на лошиот дух. Сиромашни, мизерни, тие направија сѐ да поминат, но тука беше Севилја. Клубот кој еднаш беше за почит, падна далеку. Се работи за неатрактивен тим полн со страв, богат во ресурси, но со игра за сожалување. Мурињо почнува да изгледа како остарена рок-ѕвезда – еден од тие момци кои шетаат по летувалиштата за пензионери свирејќи стари хитови на синтисајзер“, коментира Паломар.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

