Контакт

Newsletter

Хелсиншки побара „Слободен печат“ да се извини за насловната

Објавено пред

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија најостро ја осудува насловната страница на вчерашното издание на дневниот весник „Слободен печат“, ставена во контекст на општествено-политичките случувања.

dobivaj vesti na viber

„Објавувањето на фотографија на жена учесничка на протест пред Собранието на Република Македонија со наслов „Вмровците ги покажаа забите“ претставува грубо вознемирување на личноста на жената на фотографијата со тенденциозно придавање карактеристики, како што се политичката припадност и социјалниот статус. Ваквите сензационалистички наслови засновани врз предрасуди претставуваат повод за разгорување навреди и говор на омраза во јавниот дискурс, опасност за која Хелсиншкиот комитет предупредува во континуитет“, се наведува во соопштението.

Од таму апелираат до уредништвото на весникот „Слободен печат“ да им се извини и на јавноста и лично на жената што е злоупотребена и во иднина, особено, како што велат, во време на чувствителни политички случувања, да се воздржи од злоупотреба на ликот на недолжни граѓани што го остваруваат своето право на протест.

Newsletter

(Видео) „Ровер” повторно одложен – Љубе Бошкоски се шегуваше со обвинителката

Објавено пред

Во кривичниот суд повторно е одложено судењето за случајот „Ровер“. Претставници на адвокатската канцеларија „Медарски“ изјавија дека адвокатот Филип Медарски ќе го брани обвинетиот Вук Вукичевиќ и дека му треба време да се подготви за одбраната.

dobivaj vesti na viber

„Јас сум најредовен на рочиштата“, рече поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, на што обвинителката Лидија Раичевиќ додаде дека и таа е редовна на судењата.

„Јас би сакала да ме смените, ама не ви тргнува од рака“, рече обвинителката Раичевиќ. „Ќе даде Господ“, ѝ одговори Бошкоски.

Овој предмет скопска Апелација двапати го враќа на повторно одлучување. Предметот за случајот „Ровер“ во кој е обвинет поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, по третпат почна во 2015 година, но нема одржано ниту едно рочиште. Причината за одлагање најчесто е отсуство на некоја од странките во постапката.

Случајот „Ровер“ се однесува на убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случи во Скопје во јули 2001 година. Основниот суд Скопје 1 во ноември 2014 година во повторена постапка донесе пресуда со која повторно ги прогласи сите десетмина обвинети за виновни. Поранешниот министер за внатрешни работи,  Љубе Бошкоски ,за помагање на убиство доби 10,5 години затвор, Зоран Трајковски доби 8,5 години затвор, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ добија по 7 години затвор, додека на Гоце Митревски и Никола Негриевски им беа изречени затворски казни од 6 години затвор.  Првите тројца обвинети, пак, кои според Обвинителството се директните извршители на убиството, во отсуство беа осудени  на доживотна казна затвор. Четвртообвинетиот Вук Вукичевиќ, исто така странски државјанин на кого му се судеше во отсуство, за помагање доби 15 години.

Во октомври 2015 по третпат почна судењето во Основниот суд Скопје 1.

Прикажи повеќе...

Newsletter

Најмалку 26 мртви во бомбашки напад во Кабул

Објавено пред

Најмалку 26 лица загинаа, а 18 се повредени во денешниот самоубиствен бомбашки напад во Кабул, главниот град на Авганистан.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, експлозијата одекнала во западниот дел на Кабул, во близина на шиитски храм.

Нападот се случил за време на одбележувањето на празникот Нору, со кој се означува почетокот на персиската Нова година, објави „Ројтерс.“

Прикажи повеќе...

Newsletter

Стефановска седма во Ротердам

Моника Стефановска оствари најдобар пласман до десетчлената македонска експедиција која викендов учествуваше на петтиот турнир од „Светската 1 Премиер карате лига“ и турнирите од А-серија. Турнирот се одржа во Ротердам, Холандија.
Со исклучок на Стефан…

Објавено пред

Моника Стефановска оствари најдобар пласман до десетчлената македонска експедиција која викендов учествуваше на петтиот турнир од „Светската 1. Премиер карате лига“ и турнирите од А-серија. Турнирот се одржа во Ротердам, Холандија.

dobivaj vesti na viber

Со исклучок на Стефановска, сите други од македонскиот тим останаа без пласман и ги загубија борбите во првото или второто коло. Каратистката на „Макпетрол“ на крајот го освои седмото место. Стефановска во Ротердам забележа три победи, со што ќе го подобри својот пласман на светската ранг-листа. Во моментот Стефановска се наоѓа на 32. позиција во својата тежинска категорија -68 кг.

Резултатите од борбите на Стефановска во Ротердам:

1. коло: Моника Стефановска (Макпетрол) – Еми Томасон (Нов Зеланд) 2-0
2. коло: Моника Стефановска (Макпетрол) – Ксенија Малиута (Русија) 2-0
3. коло: Моника Стефановска (Макпетрол) – Мирослава Копунова (Словачка) 1-2

Репасаж

4. коло: Моника Стефановска (Макпетрол) – Каролина Арсенио (Португалија) 4-0
5. коло: Моника Стефановска (Макпетрол) – Халина Мелник (Украина) 0-3

Прикажи повеќе...

Најново

Забава4 часа

(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“

Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место,...

Македонија8 часа

Ахмети од протестот на плоштадот „Скендербег“: Процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се обрати на протестот што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, организиран во...

Македонија12 часа

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија. Како што...

Македонија12 часа

(Видео) Жената во Гостиварско била застрелана пред да биде закопана во дупка, покажа обдукцијата

Завршена е обдукцијата на 53-годишната жена која беше пронајдена почината во атарот на гостиварското село Неготино. Според првичниот наод, таа...

Македонија13 часа

Македонија воздржана за резолуцијата на ОН за обврските на Израел

Македонија гласаше воздржано на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации за резолуцијата што се однесува на обврските на Израел...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се претставува како противник на мигрантите, а во 2018 туркал камп во Бардовци

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека јавно настапува како противник на мигрантите, додека за време на...

Македонија14 часа

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Собранието, а не општините, мора да одлучува за прашањето со мигрантите, соопшти денеска СДСМ, оценувајќи дека премиерот Христијан Мицкоски со...

Свет15 часа

Трамп, Бил Клинтон, Бил Гејтс се појавија на новите фотографии со Епштајн, претседателот се оградува: „Не знам ништо за тоа“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека не знае ништо за најновите фотографии поврзани со Џефри Епштајн, одговарајќи на новинарско...

Свет1 ден

ЕУ ја потврди одлуката за замрзнување на руските средства на неопределено време

Денес, Европската унија ја потврди одлуката за замрзнување на средствата на руските централни банки лоцирани во Европа на неопределено време....

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја најави долгоочекуваната реализација на проектот за новиот Луна Парк, значајна инвестиција што...

Македонија1 ден

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека ќе нема мигрантски кампови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на новинарско прашање во однос на се позачестените иницијативи по советите во општините во...

Топ1 ден

Двајца млади скопјани најдени починати – едниот во напуштена куќа во Центар, другиот во дом на пријател во Кисела Вода

Двајца скопјани на возраст од 25 и 36 години биле пронајдени починати во текот на изминатото деноноќие. Според информациите од...

Македонија1 ден

Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

Мал авион денес се урна во Мавровското Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, потврдија од...

Македонија1 ден

(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“

Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Овој чин...

Топ2 дена

84-годишник се обидел да убие жена во хотел во Куманово, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело –...

Македонија2 дена

Над 40 автошколи под сомнение дека договарале цени за обука

Постојат индиции дека 40 авто – школи во земјава договарале цените за обука на возачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата...

Македонија2 дена

Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина...

Македонија2 дена

Почината жена пронајдена во дупка во атарот на гостиварско Неготино: за едно осомничено лице одреден краткотраен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде...

Македонија2 дена

СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари, ама со променет статус во економски работници

„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските...

Свет2 дена

(Видео) Шефот на НАТО: „Ние сме следната цел на Русија, немаме време“; Москва одговори

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги повика сојузниците да ги засилат одбранбените напори за да спречат војна што...