Македонија
(Видео) Ејуп Алими не дојде на судење, бил на службен пат во Тирана
Судењето за предметот „Титаник 3“ денеска се одложи поради тоа што координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, кој е обвинет дека уништувал изборен материјал, не дојде на судењето. Во судницата беше присутен само обвинетиот Исмет Гури.
Адвокатот на Алими, Мефаиљ Арслани, рече дека тој бил на службено патување во Албанија и му достави на судот образложение за службено отсуство. Адвокатот рече дека неговиот клиент дознал дека треба да замине во Албанија еден-два дена пред патувањето. Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, побара адвокатот да објасни дали поканата од судот била лично до Алими или до група и која била целта на патувањето и дали тоа било неодложно или можело да почека. Адвокатот Арслани рече дека патувањето било потпишано од генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.
Фетаи бараше адвокатот да објасни дали не можел некој да го замени Алими денеска во судницата. Адвокатот рече дека не можел да потврди дали поканата е упатена кон него лично или кон пратеничките групи. Тој рече дека на средбата на групата „Жан Моне“ во Тирана биле поканети сите координатори на пратеничките групи и дека состанокот бил од техничка природа.

Следното рочиште е закажано за 27 април. Судот ќе побара на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да му се испрати известување во кои термини има закажано рочишта за предметот „Титаник 3“ и доколку Алими не може да присуствува само поради неодложни активности, да го известат судот.
Алими и Гури се првите функционери на ДУИ обвинети во предмет на СЈО. За нив ова обвинителство бараше и притвор, но наместо таа мерка, судот им ги одзеде пасошите. Обвинителката Фатиме Фетаи на јавна седница во Апелациониот суд изјави дека сведоци на специјалното обвинителство стравувале од пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими. Сведоците објаснувале дека Алими е многу моќен човек и е дел од ДУИ, која е на власт. Алими посочи дека и да го затворат во друга земја, ќе избега за да се врати во Македонија и да биде присутен за постапката што се води против него.
Исмет Гури беше помилуван од претседателот Иванов токму за овој случај. Тој е заменик-управник на регионалната дирекција на УЈП во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

