Спорт
Фуркад со рекордна седма титула од Светскиот куп (видео)
Петкратниот олимписки шампион, Мартин Фуркад ја освои титулата од спринтерскиот Светски куп во биатлон од својот норвешки ривал Јоханес Тингнес Бо со фантастична последна трка во Тјумен, Русија, и во исто време ја обезбеди рекордната седма титула во ге…

Петкратниот олимписки шампион, Мартин Фуркад ја освои титулата од спринтерскиот Светски куп во биатлон од својот норвешки ривал Јоханес Тингнес Бо со фантастична последна трка во Тјумен, Русија, и во исто време ја обезбеди рекордната седма титула во генерален пласман (големиот кристален глобус).
Бо имаше предност од 31 поен пред Фуркад во спринтерскиот пласман пред последната осма трка од светскиот куп, но Фуркад го освои првото место (покрај тоа што беше на подиумот на сите трки оваа сезона), додека Бо беше само 14. и ја загуби титулата за само два поени.
Фуркад, кој освои три златни медали во Пјонгчанг, во трката го победи сонародникот Симон Дестју, додека трет беше Швеѓанецот Фредрик Линдстрем. Французинот е првиот биатлонец во историјата со седум титули во генерален пласман, поминувајќи ја норвешката легенда на спортот, Оле Еинар Бјерндален.
Фото: ЕПА
Martin Fourcade è sempre più leggendario! ??
Distrugge Johannes Boe nella 10 km di Tyumen e vince la settima Coppa del Mondo consecutiva! ?❄ pic.twitter.com/DtnnnLBOo6
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) March 22, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ваноли ја презеде Фиорентина
Паоло Ваноли официјално стана шеф на стручниот штаб на Фиорентина.
Ваноли потпиша договор до крајот на оваа сезона, а постои можност договорот да се продолжи за уште една година доколку раководството биде задоволно од работата на тренерот.
Ваноли е човек кој веќе бил на стадионот „Артемио Франки“, играл како фудбалер за Фиорентина од 2000 до 2002 година, одиграл 61 натпревар, постигнал три гола.
Овој стручњак нема клуб откако го напушти Торино ова лето, а интересно е што беше под договор со „биковите“ до 2026 година, а го раскина дури вчера.
Сега немаше повеќе проблеми и пречки, па Ваноли е новиот тренер на Фиорентина.
Да ве потсетиме дека тој ќе го замени Стефано Пиоли кој немаше добар почеток во Фиренца. Во првите десет рунди, Фиорентина не забележа победа и со само четири бода се наоѓа на последното место во Серија А.
Во својата кариера, Ваноли ги водеше италијанските репрезентации до 16, 18 и 19 години, Спартак Москва, Венеција и Торино.
Спорт
Познато е кој ќе игра во НБА Европа
Челниците на НБА Европа ги открија првите работи поврзани со ова натпреварување.
Џорџ Ајвазоглу, директор на НБА Европа, во интервју за „Газета дело Спорт“ откри дека овој проект ќе започне во октомври 2027 година.
Во првата година, лигата ќе има 12 тима од: Рим, Милано, Лондон, Манчестер, Париз, Лион, Мадрид, Барселона, Берлин, Минхен, Атина и Истанбул.
Грција и Турција би дале по еден клуб, а Италија, Англија, Франција, Шпанија и Германија по два. Сè уште не е познато дали ќе се формираат нови тимови или ќе се активираат некои постоечки.
„Моментално, има многу дискусии за екосистемот и градовите на учесниците, како и за тоа како изгледаат арените во кои ќе играат. Разговараме со претставници на постоечки тимови, фудбалски тимови кои немаат свое име во кошарката, а ќе има и градови од кои ќе почнеме од почеток. Ќе биде полуотворено натпреварување. Формат со 16 тима, од кои 12 се постојано таму, а четири доаѓаат од Лигата на шампионите на ФИБА“, вели Ајвазоглу.
Спорт
УЕФА планира да го промени системот за квалификации за СП и ЕП
УЕФА планира промени во квалификацискиот систем за Светското првенство и Европското првенство, а новиот формат треба да биде претставен во следните шест месеци, објави претседателот на европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин.
Сепак, на Фудбалскиот бизнис форум во Милано, Чеферин категорично ја отфрли можноста за примена на сличен систем како во Лигата на шампионите за репрезентативни квалификации.
„Не“, рече отсечно Чеферин.
На прашањето кога ќе бидат објавени плановите, тој одговори: „Би рекол дека за околу шест месеци ќе знаеме повеќе“.
Пред еден месец, имаше шпекулации дека УЕФА размислува за „лига во стилот на Лигата на шампионите“ за квалификации за следното Европско првенство, по навестувањата на Чеферин на конференцијата во Лисабон.
УЕФА во моментов разгледува начини за зголемување на интересот на квалификациските тимови, бидејќи интересот на навивачите и радиодифузерите се намалува, особено поради големите разлики во квалитетот меѓу националните тимови.

