Спорт
Јунајтед официјално му го прекинаа договорот на Ибрахимовиќ
Златан Ибрахимовиќ доби поништување на договорот со Манчестер јунајтед, потврди англискиот клуб, со што се отвара врата шведскиот ветеран да се приклучи на МЛС клубот, Лос Анџелес галакси, по шпекулациите на американските и англиските медиуми.
„Сите во…

Златан Ибрахимовиќ доби поништување на договорот со Манчестер јунајтед, потврди англискиот клуб, со што се отвара врата шведскиот ветеран да се приклучи на МЛС клубот, Лос Анџелес галакси, по шпекулациите на американските и англиските медиуми.
„Сите во клубот сакаат да му заблагодарат на Златан за неговите перформанси од неговото доаѓање и му посакуваме најдобро во иднината“, објавија од Јунајтед.
#MUFC has agreed to the termination of Zlatan Ibrahimovic’s contract with immediate effect.
Club statement: https://t.co/F0vdXLBPFA pic.twitter.com/ISJVCCjYre
— Manchester United (@ManUtd) March 22, 2018
36-годишниот Ибрахимовиќ, кој е најдобриот стрелец во историјата на шведската репрезентација со 62 гола во 116 натпревари, доби сериозна повреда на коленото во четврт-финалето од Лигата на Европа против Андерлехт минатиот април, но клубот му даде уште еден едногодишен договор.
По кам-бекот на терените, тој не успеа да избори место во тимот, и последен пат настапи на 26 декември против Барнли.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ ќе се бори за трофејот во Атина
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до финалето на турнирот во Атина, од серијата 250. За Ѓоковиќ ова е 144-то финале во кариерата, досега има освоено 100 титули.
Во третиот меѓусебен натпревар, Ѓоковиќ беше подобар од 117-от играч на планетата, Јаник Ханфман со 6:3, 6:4.
Новак ќе се бори за 101-от трофеј во сабота од 16:00 часот, а неговиот ривал ќе биде подобар од средбата меѓу Лоренцо Мусети и Себастијан Корда.
Српскиот ас рутински стигна до првиот сет, додека во вториот мораше да малку да се помачи, откако доживеа брејк, направи серија од 4:0 и со тоа го скрши противникот.
144th tour-level final 🤯@DjokerNole surges into the Athens final with another straight sets victory!#HellenicChampionship pic.twitter.com/JK7jr4aX8z
— ATP Tour (@atptour) November 7, 2025
Спорт
Бисума жртва на измама, останал без милиони евра
Играчот од средниот ред на Тотенхем, Ив Бисума, наводно е жртва на голема измама во која изгубил повеќе од 800.000 фунти (околу 950.000 евра), а средствата биле префрлени од неговата банкарска сметка без негово знаење.
Загубата, како што е наведено, се случила помеѓу септември 2022 и јуни 2024 година, а осомничениот бил уапсен пред повеќе од една година и се соочува со затворска казна, пишува „Goal.com“.
Според „Сан“, Бисума претрпел значителни финансиски загуби предизвикани од Морис Гомес (31). Тој бил приведен во 2024 година откако фудбалерот го пријавил кај властите.
Полицијата потврди дека во октомври оваа година, Гомес бил обвинет за „две обвиненија за измама со лажно претставување“. Доколку биде прогласен за виновен, максималната казна за секое кривично дело е 10 години затвор.
Парите наводно биле префрлени од ВИП банкарската сметка на Бисума кај Кутс – банка што ја користат голем број познати личности, вклучувајќи милијардери и членови на кралското семејство.
Судските документи наведуваат дека Гомес „нечесно си ги префрлил парите на Бисума без знаење или согласност од ѕвездата на Премиер лигата“.
Обвинителите тврдат дека тој стои зад нелегалните трансфери во вкупен износ од 834.334,40 фунти, дејствувајќи „за лична корист“. Сè уште не е јасно како Гомес можел да пристапи до сметката.
Бисума, кој заработува 50.000 фунти неделно и живее во куќа од 1,4 милиони фунти, треба да се појави на суд и се очекува да даде докази.
Освен финансиските проблеми, Бисума имаше и други непријатности. Во јуни 2024 година, часовник вреден 255.000 фунти му бил украден додека фудбалерто се наоѓаќ во Кан. Инцидентот се случи околу 4 часот наутро пред луксузниот хотел каде што бил со својата партнерка.
Оваа сезона, 2025/26, тој сè уште не запишал настап за Тотенхем, а својот последен натпревар го одигра на 25 мај против поранешниот клуб Брајтон. Неговиот договор истекува во летото 2026 година, кога ќе стане слободен агент.
Спорт
Роналдо објасни зошто не дошол на погребот на Жота
Интервјуто што Кристијано Роналдо му го даде на Пирс Морган предизвика големо внимание, и иако сè уште не е објавено во целост, се појави и интересен сегмент поврзан со неговото непојавување на погребот на Диого Жота.
Диого Жота загина во сообраќајна несреќа на 3 јули 2025 година заедно со неговиот помлад брат Андре.
На погребот пристигнаа голем број соиграчи од Ливерпул и португалската репрезентација, но не и Роналдо.
Во тоа време, тој беше критикуван во јавноста, на критиките Роналдо не реагираше.
„Две работи, луѓето многу ме критикуваат. Како што реков, не ми е гајле за тоа, бидејќи кога чувствуваш дека твојата совест е чиста и слободна, не мора да се грижиш што велат луѓето“, рече Роналдо, а потоа продолжи:
„Но, едно од нештата што не ги правам е тоа што откако почина татко ми, никогаш повеќе не отидов на гробишта. Второ, ја знаете мојата репутација, каде и да одам, има циркус. Не одам затоа што ако одам, целото внимание е врз мене, а јас не сакам такво внимание.“
Потврди дека сè уште стои зад својата одлука.
„Луѓето сè уште можат да ме критикуваат, се чувствувам добро поради оваа одлука. Не морам да бидам во преден план за луѓето да ме видат, планирам работи, мислам на неговото семејство. Не морам да бидам пред камерите за луѓето да видат што правам. Го правам тоа зад сцената“, заклучи Роналдо.

