Црна хроника
Србија: Грабнатото девојче спасено, киднаперите уапсени
Девојченцето коешто во петокот беше грабнато во српската престолнина Белград се спасена по двочасовна потера, а киднаперите се уапсени, соопшти полицијата.
Двегодишното девојченце напаѓачите во петокот околу пладне го оттргнале од рацете на мајката и побегнале, а биле уапсени кога се обиделе да минат низ полициската препрека на наплатната рампа кај Шимановци, на автопатот Белград – Загреб, ја местото Шид.
По апсењето на грабнувачите полицијата веднаш испратила фотографија од пронајденото девојченце до таткото кој потврдил дека станува збор за неговата двегодишна ќеркичка.
Напаѓачите коишто наводно возеле BMW со регистарски или со бугарски таблички го грабнале детето во белградската населба Вождовац, а според информациите на телевизијата N1, станува збор за маж и жена кои ја следеле мајката којашто со детето се враќала од пазарење, мажот ја турнал од зад грб и го грабала девојченцето и влетал во автомобилот со кој управувал неговата соучесничка.
Полицијата го блокирала излезите од Белград и започнала интензивна потрага по русокосата возачка и 45-годишниот маж, како што ги опишале очевидци, а по два часа бркотница биле уапсени во Шимановци./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.

