Свет
(Фото) Путин го посети Кемерово: Во пожарот загубивме многу животи поради криминална негрижа и невнимание

Истрагата покажа дека противпожарниот аларм во трговскиот центар во Русија во кој во неделата избувна пожар не работел од 19 март. Путин ваквата ситуација ја нарече криминална негрижа.
„Противпожарниот аларм не работел од 19 март и никој не се погрижил за ваквиот проблем“, изјавил претседателот на истражниот комитет, Александар Бастрикин, на состанокот со кој претседавал претседателот на Русија, Владимир Путин, пренесе „Тас“. Тој воедно додал дека еден од чуварите во трговскиот центар заборавил навреме да го вклучи системот за гласовно предупредување.
„Не можеме да најдеме разумно објаснување за тоа, се чини дека воопшто не бил обучен“, рекол Бастрикин.
Рускиот претседател, Владимир Путин, го опиша пожарот што уби голем број луѓе и деца како „криминална негрижа и невнимание“.
„Ова се некои од причините за пожарот во трговскиот центар ‘Зимскa вишна’, при што загинаа повеќе од 60 луѓе“, изјави Путин во Кемерово.
„Ова не беше борбена ситуација или неочекувана експлозија на метан во рудник. Луѓето, децата, дошле да се одморат и релаксираат. Постојано зборуваме за демографијата, а одеднаш губиме толку многу луѓе, а поради што? Поради киминална негрижа и невнимание“, изјавил Путин.
Тој воедно им изрази сочувство на семејствата на жртвите, а неговото обраќање почна со едноминутен молк.
Пожарот во трговскиот центар во Кемерово избувна во неделата на четвртиот кат, на кој се наоѓале кино и детски забавен центар, а потоа се проширил на околу 1.600 квадратни метри. Во инцидентот загинаа 64 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Земјотрес во Русија на 30 јули предизвика цунами во Америка на 29 јули

Силен земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка на рускиот далечен исток во среда наутро во 11:24 по локално време. Наскоро, четири бранови цунами го погодија Северо-Курилск во руската Сахалинска област.
Сепак, до моментот кога првите бранови на цунамито стигнаа до Хаваите неколку часа подоцна, според локалното време таму, беше вторник вечер.
Тоа е затоа што брановите, во календарска смисла, се вратија „во минатото“.
Додека се движеле на исток, брановите oд цунамито ја преминале Меѓународната датумска линија, невидлива граница што го дели Тихиот Океан и разграничува еден ден од следниот.
Фото: Цунами во Русија по потресот
Свет
Земјотресoт во Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној во Камчатка, ослободува огромна количина на енергија.
За споредба, атомската бомба фрлена врз Хирошима ослободи околу 15 килотони енергија од ТНТ (тоа се околу 6,3 × 10¹³ џули).
Земјотрес со јачина од 8,8 степени ослободува приближно 1×10¹⁸ џули енергија.
Ако го поделиме тоа: 6,3×10131×1018≈15.873
Значи, земјотресот со јачина од 8,8 степени бил приближно 15.800 пати посилен (во однос на ослободената енергија) од атомската бомба фрлена врз Хирошима.
Свет
Трамп призна: Се разделив од Епштајн кога направи нешто несоодветно

Американскиот претседател Доналд Трамп даде објаснување зошто ја прекина врската со педофилот Џефри Епштајн.
„Не сум разговарал со Џефри Епштајн со години. Не сум разговарал со него затоа што направи нешто несоодветно. Тој вработи мои луѓе, а јас му реков: „Никогаш повеќе не го прави тоа“.
„Драго ми е што го направив тоа, ако сакате да ја знаете вистината“, додаде американскиот претседател, зборувајќи во еден од неговите комерцијални голф клубови.
Епштајн, осуден сексуален предатор, почина во 2019 година додека чекаше судење. Трамп се соочи со притисок да го објави целото досие за Епштајн, но досега не успеа да го стори тоа, предизвикувајќи критики од демократите и некои од неговите поддржувачи.
Повторно беше прашан за можноста за помилување на долгогодишната соработничка на Епштајн, Гислен Максвел, која отслужува 20-годишна казна затвор за трговија со луѓе.
„Имам право да ја помилувам. Но, никој не ми го предложи тоа. Никој не ме праша за тоа. Беше во медиумите. Но, не е соодветно сега да зборувам за тоа“, рече Трамп.
Максвел разговараше со заменик-главниот обвинител Тод Бланш двапати минатата недела. Според извештаите, таа добила ограничен имунитет и испитувана е од најмлку 100 луѓе, но Министерството за правда не објави детали за тие разговори.