Македонија
Чавков и четворица обвинети за крвавиот четврток вратени во притвор

Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков, поранешните припадници на МВР, Душко Лазаров и Оливер Поповски, како и Горан Ѓошевски, кој беше дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, заедно со Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање вчеравечер биле повторно приведени и однесени во притворското одделение на истражниот затвор Шуто Оризари, дознава „Макфакс“. Тие во понеделникот беа пренесени од затворски во куќен притвор со одлука на Врховниот суд.
Против нив вчера беше покренато обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, во врска со упадот во Собранието на 27 април минатата година. Пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои исто така беа осободени од притвор со оваа одлука на судот, остануваат во куќен притвор.
МВР потврдува дека се приведени пет лица по барање на Основниот суд, но не го потврдува нивниот идентитет. Се чека Основниот суд да излезе со официјална информација за тоа зошто на овие лица им е повторно изречена мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Експресниот пат не е автопат, кампања на МВР со РСБСП

„Експресен пат” е јавен пат кој е специјално изграден и наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан сообраќаен знак, со најмалку по една лента за секоја насока и лента за застанување, на кој сообраќајот може да се вклучи, односно исклучи само на одредени и посебно изградени приклучоци и кој е заштитен од пристап надвор од овие површини, велат од МВР кое заедно до РСБСП објавија промотивни видеа.
Експресниот пат има по една сообраќајна лента во секоја насока, кои меѓусебно се разделени со полна или со испрекината линија зависно од конфигурацијата на теренот.
Покрај сообраќајната лента за движење на возилата, на експресниот пат има и лента за застанување на возилата која е наменета исклучиво за запирање на возилата. На експресниот пат не е дозволено движење на пешаци, велосипеди, трактори и други бавни возила.
Најголемата дозволена брзина е ограничена на 110 километри на час, освен доколку не е поинаку определено со сообраќаен знак.
Престигнувањето е дозволено исклучиво кога има добра прегледност и има обележана испрекината линија на коловозот.
Секое движење со возилото во лентата за застанување претставува сообраќаен прекршок и подлежи на глоба согласно Законот. На експресниот пат забрането е полукружно вртење, застанување и паркирање, освен на предвидените места.
Возачите мора да внимаваат, да држат безбедно растојание и да ги почитуваат сите сообраќајни знаци. Експресниот пат нуди брзина – но, само кога се користи правилно и одговорно.
Експресниот пат не е автопат и нема посебна сообраќајна лента за престигнување.
На експресен пат, престигнувањето може да се изврши само кога тоа е дозволено, безбедно – и исклучиво на делови од патот каде е обележано со испрекината линија и доколку не ги попречува возилата кои се движат од спротивната насока.
Доколку се приближува возило кое има намера да престигне друго возило, возачот на возилото кое се престигнува не смее да ја користи лентата за застанување со цел да „направи” простор за да биде престигнато – тоа е лента исклучиво за застанување по потреба, никако за возење.
Престигнување на непрегледни делници, на кривини, со возење по лентата за сопирање или со газење преку полната линија, е строго забрането и претставува сериозен ризик.
Таквите сообраќајни маневри често завршуваат со несреќа која може да предизвика тешки повреди… и загубени животи.
Не брзај – едно незаконско престигнување може да биде твоја последна одлука.
На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 101 возило во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 02.06. до 08.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 101 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
„Незаконска употреба на пиротехника на журката на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, зошто МВР молчи“, прашува СДСМ

„Срамната и скандалозна е прославата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – журка која се одржа додека Македонија сè уште е во црно, додека 62 семејства жалат за загубените деца, а над 200 млади се борат со последиците од трагедијата во Кочани“, велат од СДСМ.
„Срамно е што на оваа прослава се аплаудираше на говор полн со омраза од премиерот Мицкоски, насочен кон семејствата на повредените и загинатите во Кочани.
Дополнително, беа употребени и пиротехнички средства, кои не само што се законски забранети и опасни – токму се и причина за пожарот и големата трагедијата во Кочани што ја зави државата во црно.
Кој наредил и кој одобрил употребата на пиротехника на прославата на УМС? Кој ја набавил и ја дистриубуирал? Зошто МВР молчи? Или за УМС на ВМРО-ДПМНЕ не важат законите?
Согласно новиот закон, членот 31 предвидува казни и одговорност за употреба на пиротехнички средства на овој начин“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Од партијата бараат итна реакција од Министерството за внатрешни работи, казни и одговорност согласно законите.