Контакт

Надворешна политика

Вељаноски се сретна со грчкиот колега во Стразбур

Објавено пред

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, во четврток, во рамките на Европската конференција на претседатели на парламенти која се оджува во Стразбур, оствари билатерална средба со претседателот на Парламентот на  Грција, Николаос Вуцис.

dobivaj vesti na viber

На почетокот на средбата, двајцата соговорници изразија големо задоволство од можноста да се сретнат и да разговараат за актуелните предизвици со кои се соочуваат двете соседни земји. Соговорниците се согласија дека ваквите средби се позитивен пример и се особено значајни за идно продлабочување на соработката и натамошно подобрување на вкупните односи меѓу двете држави на сите полиња, соопштија од кабинетот на претседателот Вељаноски.Тој релкол дека Република Македонија посветено продолжува да ги негува односите со Република Грција, потсетувајќи на фактот дека двете земји негуваат исти вредности, имаат иста традиција, иста култура и иста вероисповест, односно имаат многу претпоставки за да бидат најблиски пријатели и соседи. Претседателот Вељаноски потенцираше дека евроатланската интеграција на Република Македонија е наш приоритет и истакна дека е добредојдена помошта од Република Грција која може да ја даде во таа насока.Претседателот Вељаноски истакна дека политичарите треба да се посветат на изнаоѓање на начини како да се сопре спиралата на емитирање на неповолни вести, да се промовираат позитивни примери на соработка во секојдневниот живот помеѓу граѓаните и да се најдат начини на кои ќе се манифестира соработката на полиња за кои има заеднички интерес.Во однос на парламентарната соработка, претседателот Вељаноски во оваа прилика, повика во грчкиот Парламент да се воспостави група за соработка со нашиот Парламент. Во Собранието на Република Македонија и во овој парламентарен состав, како и во сите претходни формирана е пратеничка група за соработка со Парламентот на Република Грција. Исто така, Претседателот Вељаноски истакна дека Собранието продолжува да биде отворено за посета на пратениците од Парламент на Република Грција, и притоа упати покана до претседателот Вуцис да биде негов гостин и официјално да ја посети Република Македонија.Претседателот Вуцис истакна дека двете земји треба да го земат примерот на помирување на Франција и Германија, кој покажа дека со заедничка соработка и искрени намери може да се надминат сите пречки за успешна заедничка иднина меѓу државите за доброто на нивните граѓани. Тој нагласи дека како претседател на Парламентот, а претходно и како член на извршната власт, секогаш е посветен на подобрување на соработката и севкупните односи, и дека грчката Влада во соработка со нашите министерства преку разни проекти работи на градење на довербата помеѓу двете земји и активно е вклучена на подобрување на билатералните односи меѓу двете земји за идна позитивна соработка.Во однос на спорот кој долги години е пречка во односите помеѓу Република Македонија и Република Грција, претседателот Вуцис истакна дека истиот треба да се реши на меѓународно ниво, со помош на меѓународното посредништвото кое веќе е воспоставено, и потенцираше дека се надева на поскоро решение кое ќе го прифатат двете страни. Во меѓувреме, според г. Вуцис треба да се гледа големата слика и  да се работи на продлабочување на постоечата соработка на полињата за кои има заеднички интерес, како што се неколку проекти во однос на меѓународните инвестиции. Ова е многу значајно за двете држави да имаат уште подобра економска и бизнис соработка за поефикасна искористеност на фондовите.Претседателот Вуцис истакна дека Европската унија, односно некои од поголемите држави членки, имаат став дека Балканот како целина треба да е маргинализиран и да не е на исто економско ниво со остатокот од Унијата. Оттаму доаѓа и ставот на Европската унија кон Република Грција. Затоа Република Грција би сакала што поскора интеграција на сите земји од Балканот кои не се членки на Европската унија. Тоа би го зајакнало регионот во целина, а би ја подобрила и позицијата на Република Грција.На крајот на средбата соговорниците потврдија дека денешната средба е почеток на идна подлабока соработка на парламентарно ниво, која треба да претставува и поттик за подобрување на севкупните односи меѓу Република Македонија и Република Грција на сите нивоа./крај/со/бб

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија3 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија4 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија4 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија5 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија5 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија5 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет8 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа8 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа8 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет8 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија16 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија19 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија20 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија21 час

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија22 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија1 ден

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...