Црна хроника
Тетовец ја застрела девојка му

Дваесет ишестгодишен жител на Џепчиште ја застрела поранешната девојка, во Тетово во понеделникот.
Тетовецот ја застрелал со два куршуми 20-годишната девојка од село Јажинце, а во понеделник попладне таа на Клиника во Скопје им подлегнала на повредите. Инцидентот се случил околу 16 часот на паркингот пред супермаркетот „Веро”.
Полицијата го привела сторителот во близина на Скопје, поточно на мост на реката Вардар во Сарај, во обид да се самоубие.
Екипи на крим техника и Јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а причина за пукањето веројатно е љубовна врска.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прегазен малолетник во Виничко: го удрил 15-годишник со мопед

Синоќа во 20.10 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека во с.Блатец, виничко, мопед „априлија“ без регистарски таблици, управуван од 15-годишник од с.Блатец, удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возачот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
Црна хроника
Скопјанец истепал малолетничка на паркинг на Средно Водно

Вчера во 16.50 часот на паркинг простор на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(44) од Скопје.
Тој бил претходно пријавен од З.С.(57) од Скопје.
Според полицијата, околу 16.20 часот, на паркингот неговата малолетна ќерка, при качување во автобус, била физички нападната од пријавениот.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен возач од Дебар, возел со 2,77 промила алкохол во крвта и без возачка

Вчера во 19.20 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода А.Љ.(23) од Дебар, кој претходно, на регионалниот пат кон селото Удово, управувајќи патничко возило „опел“, со дебарски регистарски таблици, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и се дал во бегство.
Полицијата соопшти дека веднаш биле преземени соодветни мерки и активности и по кратко време, тој билзапрен на улицата „Веби Дибра“ во Дебар и притоа било констатирано дека А.Љ. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,77 промили алкохол во крвта и дека не поседува возачка дозвола.
Против А.Љ. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.