Европа
Британски џихадист осуден на 12 години затвор

– Имран Каваџа на снимка од социјалните мрежи (BBC)
Британец кој ѝ помогнал на една исламистичка група во Сирија да направи видео снимки со отсечени глави а потоа ја лажирал и сопствената смрт во надеж дека неоткриен ќе се врати во татковината, во петокот е осуден на 12 години затвор.
Британец кој ѝ помогнал на една исламистичка група во Сирија да направи видео снимки со отсечени глави а потоа ја лажирал и сопствената смрт во надеж дека неоткриен ќе се врати во татковината, во петокот е осуден на 12 години затвор.
Дваесет иседумгодишниот Имран Каваџа од Саутхол во западен Лондон заминал во камп за обука во Сирија во јануари 2014 година и им се придружил на Рајат ал-Тавхеед, група која се поврзала со џихадистичката Исламска држава, објавија обвинителите. Оваа група започнала на интернет да пропагира насилство во обидот да ги убеди другите да ѝ се придружат.
„Каваџа е забележан на вознемирувачка видео снимка поставена на социјалните медиуми на која била торба со отсечени глави. Тој се појавува на снимката со прекриено лице и вади една од главите од торбата и ја покажува пред камерата“, се наведува во соопштението на полицијата издадено по изрекувањето на пресудата во петокот.
Во мај 2014 година групата на социјалните мрежи објави порака дека Каваџа е убиен. „Каваџа… ја лажирал својата смрт за да го прикрие своето враќање во Велика Британија“, изјавил челникот на антитерористичкиот штаб SO15, Ричард Волтон. Меѓутоа, задно со својот роднина Тахир Бати, тој бил уапсен ланскиот јуни во југоисточното пристаниште Довер.
Каваџа признал дека се подготвувал да изведува терористички акции, а 45-годишниот Бати, од Ватфорд северно од Лондон, признал дека му помагал и е осуден на 21 месец затвор. Триесет итригодишниот Асим али кој пак признал дека му давал пари на Каваџа, исто така е осуден на 21 месец затвор./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин