Европа
Ердоган ја обвини Меркел дека не го спречила гласањето за ерменскиот геноцид
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган остро во саботата ја критикуваше германската канцеларка Ангела Меркел бидејќи не го сопрела гласањето во германскиот парламент со коешто погромот на Ерменците од 1915 година е прогласен за геноцид и не исклучи рестриктивни мерки кон Германија.
Ердоган кажа дека не разбира зошто Меркел не успеала да ја убеди својата партија, владејачката демохристијанска унија CDU/CSU да гласа против резолуцијата, тврдејќи дека таа ветила дека ќе го стори сето она што е во нејзина моќ за да го спречи гласањето.
„Сега се чудам: како по таквата одлука германските челници ќе се соочат со мене и со нашиот премиер“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во интервјуто објавено во саботата во неколку дневни весници, вклучително и секогаш политички воздржаниот Hurriyet и во провладиниот Yeni Safak.
Ердоган одбива да појасни со кои мерки Турција ќе возврати, но засега ништо не исклучува, додавајќи дека владата уште ја разгледува ситуацијата. Анкара веќе го отповика својот амбасадор во Берлин.
Турскиот претседател предупредува дека Германија би можела да загуби „важен пријател“ и истакнува дека во оваа земја живее голема турска популација.
Ердоган инсистира дека на тоа дека гласањето било турско-германско прашање и дека не е поврзано со поширокиот договор со Европската унија за запирање на мигрантскиот бран кон западна и северна Европа.
Останува силно критичен во поглед на европското напредување во спроведувањето на договорот, вклучително и во поглед на префрлањето на ветените шест милијарди евра помош за бегалците згрижени во Турција. Предупреди и дека договорот се уште може да биде запрен.
Клучен момент во договорот е влегувањето на турските државјани во ЕУ без визи што требаше да се реализира до крајот на јуни, но е во застој поради тоа што Турција одбива да го измени антитерористичкиот закон во согласност со барањата на Брисел кој смета дека е премногу широк и може да се применува со злоупотреби.
Долниот дом на германскиот парламент – Бундестагот, во четвртокот со огромно мнозинство присутни, со еден глас против и еден воздржан ја прифати резолуцијата дека страдањата на Ерменците од страна на војската на Османлиското царство во текот на Првата светска војна кое тогаш било сојузник на Царството Германија, се прогласува за геноцид.
Ерменците проценуваат дека околу 1,5 милиони припадници на нивниот народ се систематски убивани кон крајот на Отоманската империја, а многу историчари и повеќе од дваесет земји, меѓу нив и Франција, Италија и Русија, го признаваат геноцидот.
Турција тврди дека станувало збор за граѓанска војна која ја следела глад, во која загинале од 300.000 до 500.000 Ерменци но исто толку и Турција, како и дека не постоела организирана кампања за да бидат истребени Ерменците или оти постоеле такви наредби од страна на османските власти./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украинците тврдат дека синоќа собориле 33 руски беспилотни летала
Украинската противвоздушна одбрана собори 33 од 50-те беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Тие наведуваат дека 9 беспилотни летала се изгубени мислејќи на користењето електронско војување од страна на Украина за пренасочување на руските беспилотни летала, додека еден ја напушти Украина во правец кон Романија.
⚡️ Air Defense Forces destroyed 33 out of 50 russian attack UAVs.
9 russian imitator drones were lost locally (without negative consequences), and another one left Ukrainian airspace in the direction of Romania.
Join the current fundraising for the Armed Forces of Ukraine:
💸… pic.twitter.com/c6ADw43TEt— BLYSKAVKA (@blyskavka_ua) January 17, 2025
„Непријателските напади со беспилотни летала погодија претпријатија во регионот на Одеса, а зградите на институции, приватни компании и домаќинства во регионите Харков, Черкаси и Киев беа оштетени како резултат на падот на соборените непријателски беспилотни летала“, соопшти војската на платформата „Телеграм“.
Тие додадоа дека под напад било и пристаниште во реонот на Дунав. Претставник на регионот Киев рече дека едно дете е повредено како резултат на паѓање остатоци од соборени цели за време на нападот.
Европа
(Видео) Институтот за проучување на војната: Борбите се брутални, сите Севернокорејци во Курск би можеле да бидат уништени за 3 месеци
Целиот севернокорејски контингент од околу 12.000 војници во моментов во рускиот регион Курск би можел да биде убиен или ранет до средината на април 2025 година доколку севернокорејските сили продолжат да претрпуваат големи загуби во тековните жестоки борби, објави американскиот тинк-тенк Институт за проучување на војната.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на почетокот на месецот рече дека 3.800 севернокорејски војници биле убиени или ранети во руската област Курск, која украинските елитни бригади ја нападнаа на почетокот на август минатата година и зазедоа околу 100 населени места.
North Korean infantry attacks Ukrainian positions in Kursk. This is yet another confirmation that it is not just “Ukrainian probelm.” When dictators joined to destroy a sovereign democratic country, it becomes the problem for the entire world. Because the next question is who is… pic.twitter.com/yUZ4zufo2e
— Roman Sheremeta 🇺🇦🇺🇸 (@rshereme) December 14, 2024
Оттогаш Русите започнаа контраофанзива и вратија околу половина од загубената територија. Сепак, се уште се водат жестоки битки, а рускиот Курск е едно од најактивните боишта во руско-украинската војна.
Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров на 5 ноември минатата година изјави дека севернокорејските сили биле вклучени во „мали“ судири во областа Курск, но руските воени блогери почнаа да известуваат на почетокот на декември дека севернокорејските сили учествуваат во позначајни борбени операции.
Севернокорејците претрпеле приближно 92 жртви дневно откако почнаа да се впуштаат во значителни борби на почетокот на декември минатата година, проценува Институтот за проучување на војната.
Се верува дека Северна Кореја преселила приближно 12.000 војници во регионот Курск, така што целиот севернокорејски контингент во регионот би можел да биде убиен или ранет за околу 12 недели, или околу средината на април 2025 година, под услов севернокорејските сили да продолжат да трпат слични загуби во продолжението на борбите, проценува Институтот.
Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја пред неколку дена објави дека 300 Севернокорејци досега се убиени во акција, а 2.700 се ранети во борбите во областа Курск.
Севернокорејските сили најверојатно ќе продолжат да страдаат од поголем сооднос на ранети спрема мртви во борбите, а моментално не е јасно дали и кога повредените севернокорејски војници ќе се вратат во борба, се вели во соопштението на Институтот.
Европа
(Видео) Руски тенк нападна Украинци: „Неговата судбина беше очигледна“
Осамен руски тенк кој се движи кон украинските линии во она што една украинска група на пилоти за дронови го нарече „многу несреќно самоубиство“ кажува нешто за состојбата на руската војска додека војната на Путин против Украина се приближува на својата четврта година.
Имено, насекаде по должината на 1.000 километри долгата линија на фронтот во Украина, но и во западна Русија има толку многу украински беспилотни летала што руските оклопни возила не можат да ги напуштат своите скривалишта без да го привлечат смртоносното внимание на пилотите на дронови, пишува Форбс.
Video of strikes with four FPVs and night bomber UAV on a Russian tank by the Ukrainian Border Guard's Phoenix strike UAV company.https://t.co/IvqxWQ5r4M pic.twitter.com/1HpPpl5hED
— Rob Lee (@RALee85) January 15, 2025
Онаму каде што Русите освојуваат, го прават најмногу со пешадија и трпат неверојатни загуби во тој процес.
Пред неколку дена, осамен руски тенк патуваше по земјен пат кон линијата за контакт надвор од селото Курдјумивка, 5 километри северно од урнатините на Торецк во областа Доњецк во источна Украина. Руските теренски војски го опкружуваат градот Покровск јужно од Курдумивка, како и градот Часив Јар северно од Курдумивка.
Не е јасно кој бил точниот план на снимениот тенк. Во секој случај, осаменото возило не стигна далеку. „Судбината на ова парче железо беше очигледна“, објави украинската група за беспилотни летала Феникс, додавајќи: „Нашите момци го расклопија до последен детал“.
Огромниот број на беспилотни летала фокусирани на тенкот зборува за изобилството на мали летечки роботи над линијата на фронтот. Четири експлозивни беспилотни летала влетаа и го погодија тенкот, на крајот онеспособувајќи го. Петтиот дрон, потежок модел, фрли гранати врз тенкот за конечно да го уништи. Не е јасно дали некој од тројцата или четворицата руски членови на екипажот преживеал.