Свет
(Видео) Шчербак за случајот „Скрипал“: Велика Британија крие клучни детали, оружјето се произведува во нивна лабораторија
Нервниот гас „новичок“, за кој се тврди дека е руско хемиско оружје, се разработува и во Велика Британија, тврди рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчарбек, повикувајќи се на шпекулациите од јавноста.
„Се прошируваат и информации дека тајната лабораторија на воениот ресор на Велика Британија во Портон Даун работи на нервниот гас ‘новичок’. Од јавноста се кријат информациите дека во овој регион, пред труењето на семејството Скрипал, се одржа обука под назив токсична кама. За време на оваа обука се вежбаа методи за борба против хемиско и биолошко заразување. Ние баравме да ни се даде примерок од хемиската супстанца со која е убиено семејството Скрипал, но бевме категорично одбиени“, вели рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак.
Амбасадорот на Русија одговорноста ја префрла кон Велика Британија за чија Влада вели дека не е заинтересирана да ги дознае вистинските мотиви и да ги најде сторителите на злосторството.
„Во овој случај возможно е евентуално учество на безбедностите сили на Велика Британија. Властите на Велика Британија ниту на своето население не му ги соопштуваат деталите за клучните аспекти од случајот ‘Скрипал’, кој сепак е сериозна закана“, тврди Шчербак.
Велика Британија со своите постапки врши атентат врз руските граѓани, смета Шчербак, истакнувајќи дека доказите треба да ги даде британската страна.
Раководството на британската воена лабораторија во Портон Даун негираше дека има врска со труењето на семејството Скипал. Директорот на лабораторијата, Гери Ејткенхед, смета дека обвинувањата од руска страна не се основани. Тој уверува дека Велика Британија не го разработува нервниот гас „новичок“, а пак, нивните лаборатории немаат од гасот со кој се отруени рускиот шпион Скрипал и неговата ќерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украински генерал: Обновивме делови од Покровско
Украина, според сопствените тврдења, обнови делови од градот Покровско. Според врховниот командант Олександр Сирски, украинските трупи сè уште се борат против масовни руски напади.
Одбраната на Покровско продолжува – рече Сирски.
Од средината на ноември, украинските трупи вратија околу 13 од вкупно 29 квадратни километри од градот. Според Киев Индепендент, украинските сили наводно дополнително го зајакнуваат своето присуство во регионот.
Сирски потврди дека украинските единици морале да се повлечат од позиција од пет до седум километри надвор од Покровско, каде што руските трупи почнале силно да напредуваат. Одбраната на тие позиции повеќе не била ефикасна, рече тој. Во последните денови и недели, беше објавено дека градот е „претежно“ опкружен со руски трупи, кои наводно контролираат 95 проценти од градот.
Во исто време, Сирски тврди дека соседниот град Мирноград не е опколен од руските сили, иако логистичкото снабдување е сè потешко. Сепак, функционер на НАТО процени поинаку, според извештајот на „Украинска правда“, во кој се тврди дека градот е опколен од руски војници.
Фото: депозитфотос
Свет
Лавров: Трамп е единствениот западен лидер кој ја разбира Русија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Доналд Трамп е „единствениот западен лидер“ кој ја разбира позицијата на Русија во врска со Украина.
Според државната агенција ТАСС, тој го пофали Доналд Трамп како „единствениот западен лидер“ кој покажува разбирање за позицијата на Москва во врска со Украина, пренесува „Скај њуз“.
Лавров се осврна и на Обединетото Кралство и на Европската Унија, велејќи дека двете страни се во „безнадежно политичко слепило“ и се залажуваат со илузијата дека можат да ја надминат Русија.
ТАСС, исто така, објави дека Лавров рекол дека Москва нема намера да војува со Европа.
Наместо тоа, Русија останува подготвена да одговори доколку во Украина бидат распоредени војници.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) Објавена снимка од апсењето на Луиџи Манџионе во „Мекдоналдс“
На суд беше прикажана снимка од полициска камера која ги покажа моментите непосредно пред апсењето на Луиџи Манџионе, која наместо да биде клучен доказ, би можела сериозно да му наштети на случајот на обвинителството. Снимката од „Мекдоналдс“ во Пенсилванија стана фокус на правна битка што би можела да го одреди исходот од целото судење, објавува „Телеграф“.
Иако се очекуваше видеото да го поддржи случајот на обвинителството, одбраната сега го користи за да ја доведе во прашање легалноста на дејствијата на полицијата. Деталите снимени на видеото, велат адвокатите на Манџионе, ја зголемуваат можноста дека клучните докази против нивниот клиент се добиени нелегално.
Судот сега мора да одлучи за правната тежина и прифатливоста на самата снимка. Одлуката ќе биде клучна не само за судбината на Луиџи Манџионе, туку и за понатамошниот тек на едно од најгледаните судења во Соединетите Американски Држави.
Неговите адвокати тврдат дека полицијата не му ги прочитала правилно неговите уставни права пред да го уапси и дека ги претресла неговите работи без налог.
Манџионе е обвинет за убиството на Брајан Томпсон, извршен директор на „Јунајтед Хелткеар“, во Њујорк. Тој се изјасни за невин по федералните и државните обвиненија за убиство.
фото: Depositphotos

