Контакт

Општество

Декларацијата на ГДОМ ги охрабрува судиите да дадат отпор на политичките притисоци

Објавено пред

Охрабрете се и не судете по политички притисоци од аболирани криминалци, се истакнува во декларацијата којашто во понеделникот во Основниот суд Скопје 1 Скопје и во Апелационот суд Скопје ја предадоа претставниците Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) организација којашто ги поддржува политиките на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, коешто претходно одржа протест пред судовите против одлуката на Основниот суд Скопје 1 да му одреди куќен притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талески

dobivaj vesti na viber

„Судската власт е еден од темелите на секоја држава. Без независна судска власт нема држава и државност. Вие сте луѓето на кои им е дадена довербата за да ја чувате правдата и да судите согласно законите.

Вие сте избрани заради вашиот капацитет и личен интегритет. Независноста на судот подразбира дека ниту еден судија не може правилно да ги носи одлуките доколку е исплашен, доколку е предмет на закани или пак очекува некаква корист од која било страна.

Затоа не смеете да потклекнувате на никакви притисоци, ниту од внатре, ниту од надвор. Правдата мора да биде еднаква за сите. Целосно е неприфатливо за едни да важат законите, а за други да нема никаква одговорност.

Зоран Заев е аболиран и спасен од кривична одговорност за криминал тежок 8 милиони евра. Зоран Заев се закануваше дека за него не постојат македонските судови и дека нема намера да постапува по судски наредби. Зоран Заев изјавуваше дека ќе правел списоци со судии на кои ќе им се одмаздувал доколку дојде на власт. Неговиот портпарол Петре Шилегов најави поднесување на кривична пријава против судија само заради одлука донесена по закон и врз сопствено убедување. Нивните невладини организации се заканија дека за уши ќе влечеле и на клоци ќе ги исфрлале уставните судии, а општинските организации на СДСМ најавија дека ќе го палеле судот.

Истиот овој Зоран Заев е осомничен за барање поткуп и за Пуч. Истиот овој Зоран Заев е на слобода, а на Владимир Талевски му се изрекуваат мерки иако нема никакво криминално досие и секогаш го почитувал судот. Наместо аболирани криминалци да ги вратат милионите што ги украдоа од државата, судот го притвора Владимир Талевски.

Не дозволувајте, луѓе како Зоран Заев да ве заплашуваат и да влијаат врз вашите одлуки. Така само го нарушувате вашиот кредибилитет и интегритет. Вашето спротиставување на притисоците во овој период ќе биде потврда на независноста и непристрасноста на судството во Република Македонија и ќе биде пример за идните генерации судии во земјава.

Селективната правда не е правда. Одлуките донесени под притисок не се правични одлуки. Одлуките донесени под притисок, само го будат револтот кај граѓаните.Затоа ве охрабруваме да не подлегнувате на притисоци. Да не си го губите образот заради какви било закани и ветувања. Затоа Ве охрабруваме да не носите нарачани политички одлуки.

Криминалците како Заев треба да одговараат и тој мора да го врати украденото од државата. Неговите сметки не смее да ги плаќаат невини“./крај/мф

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 минути

Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви,...

Македонија2 часа

33 пожари низ Македонија – еден сѐ уште активен, a четири ставени под контрола

Според последните податоци на Центарот за управување со кризи, до утрово во земјата регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен...

Топ2 часа

Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да застрела полицајци – во Василево уапсен 29-годишник

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од селото Ангелци, општина Василево, кој се сомничи за две кривични дела...

Македонија2 часа

Судски реформи, транспарентност и независност: британска поддршка за јакнење на Обвинителството во Македонија

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски заедно со неколкумина јавни обвинители вчера одржаа работен состанок со тим од Програмата за јакнење на...

Спорт3 часа

Светската рекордерка во маратон суспендирана поради допинг

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич, светска рекордерка во женскиот маратон, е привремено суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за интегритет...

Македонија3 часа

Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани. Полицијата од Охрид утроово соопшти...

Свет4 часа

„Волстрит џурнал“: Трамп со цртеж од гола жена и порака за „прекрасна тајна“ му го честитал роденденот на Епштајн

„Волстрит џурнал“ денес објави дека името на Доналд Трамп се појавило на лична порака до Џефри Епштајн од 2003 година,...

Македонија17 часа

(Видео) Пожар го зафати покривот на црквата кај селото Мршевци, вели Ангелов

Денес попладне во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден изби силен пожар, кој поради ветерот брзо се прошири на...

Македонија18 часа

„Лажни тврдења и политички инсинуации“, вели Тошковски откако опозицијата оцени дека сака да ја партизира полицијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку својот Фејсбук профил ги демантираше тврдењата на опозицијата во врска со предложените измени...

Македонија19 часа

Едно починато лице при пожар во стан во Струмица

Денес, (17.07.2025 година), во 15.27 часот, ТППЕ Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален...

Македонија19 часа

Гори помеѓу индустриската зона „Бунарџик“ и рафинеријата „Окта“: силниот ветер и искри од жици предизвикаа пожари на повеќе локации во Скопје и Куманово

Поради ветер кој го зафати подрaчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни...

Македонија20 часа

Напредок во преговорите за пругата која се гради еден и пол век: тунелот да биде заеднички проект со Бугарија, а да го плати ЕУ

Вчерашната средба во Брисел за пругата кон Бугарија која се гради повеќе од еден и пол век, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија20 часа

Уапсен еден од убијците на припадникот на АРМ во Батинци, обвинителството поведе истрага за двајца соизвршители

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично...

Македонија21 час

Продолжен рокот за ангажирање на 400 пожарникари: „Има силен инетерес“

Владата соопшти дека рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари низ државата е продолжен до 23 јули...

Македонија22 часа

Горат шуми и ниска вегетација во Велес, Македонски Брод и Василево

Во моментот на територијата на државата активни се вкупно три пожари, информираше Надица Вчкова во име на Главниот штаб за...

Македонија23 часа

Партијата Левица поднесе предлог-закон за заштита на името ВМРО, Мицевски вели дека е нарачано од круговите што работат против идентитетот

Пратеникот и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев, на својата фејсбук страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието...

Македонија23 часа

Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да го следи судењето, рочиштето одложено за август

Почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски, познат како Штекли, и уште девет лица обвинети за организирана трговија со дрога...

Македонија24 часа

Уапсена докторка од Битола поради примање поткуп

Вчера, полициски службеници од СВР Битола, во координација со Јавно обвинителство Битола, ја лишија од слобода И. Д. (67) од...

Македонија1 ден

Народниот правобранител Зибери замина во пензија

Народниот правобранител Насер Зибери на 12 јули 2025 година ги исполни условите за старосна пензија, со што му престанува функцијата,...

Топ1 ден

Загина 16-годишно момче од Охрид: со мопед излетал од пат и удрил во метален столб

Денеска во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и...