Црна хроника
Ограбена црквата „Св.Никола“ во гостиварско
Црквата „Св.Никола“ која се наоѓа во гостиварското село Горна Ѓоновица во периодот од 18 – ти до 20.03.2014 година била опљачкана и притоа е причинета штета од околу четири илјади денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Со употреба на погоден предмет непознат сторител влегол во објектот и извршил кражба при што од црквата одзел околу 1000 денари, а при обидот да изврши кражба причинил материјална штета од околу три илјади денари.
Органите на МВР ги преземаат сите неопходни мерки за откривање на сторителот и спроведување на натамошна постапка против него./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец
СВР Штип поднесе кривична пријава против 53-годишниот Д.Д. и 54-годишниот П.Д., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, извести МВР.
„На 22.02.2024, по претходна расправија околу сообраќајот, пријавените физички нападнале полициски службеник“, соопшти МВР.
Црна хроника
Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес
Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко лице.
Телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР, известуваат од СВР Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.
Црна хроника
На стакло од штаб на политичка партија во Центар испишан графит, полицијата го расчистува случајот
Вчера во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на стакло од штаб на политичка партија на подрачјето на Центар бил испишан графит, извести МВР.
Се работи на расчистување на случајот.