Македонија
(Видео) Телохранителот на 27 април разговарал само со сопругата и братот, рече Груевски
Eкспремиерот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска по одложувањето на рочиштето за случајот „Титаник“ кусо одговараше на новинарски прашања, од кои едно се однесуваше за неговата наводна поврзаност со настаните во Собранието од 27 април минатата година.
„Да имаше Д од доказ, одамна немаше да бидам тука. Разговарав со лицето од обезбедувањето и тој ми рече дека имал разговор со сопругата и братот, и тоа е сè. Да имаа докази, досега немаше да бидам тука. Ако имаат доказ, веднаш да го обајават. Тоа е патолошката опсесија на оваа власт за дефокусирање од реалните проблеми“, истакна Груевски.
Инаку, адвокатите на обвинетите во случајот „Титаник“ побараа да биде одложено денешното судење, како и рочиштата за цел април. Причината, како што наведоа, е за да направат увид во списите на предметот. Според нив, станува збор за огромен доказен материјал. Судот им го прифати барањето до 12 април да може да прават увид во списите на предметот. Закажани се нови 5 рочишта во мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Аеродром без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска (среда) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
– во периодот од 08.30 до 13.00 часот, бул.3-та Македонска бригада (кај ресторан Дион) ( општина Аеродром ).
Македонија
Сончево време со температура до 16 степени, од петок дожд и снег
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени, jавува УХМР.
Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
До петок ќе се задржи стабилно и тивко време, по одделни котлини со појава на магла и пониски дневни температури. Од петок кон крајот на денот и за време на викендот под влијание на влажна и студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и ќе преминат во снег и во повисоките места.
Македонија
(Видео) Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси
Амандманот на државниот буџет за 2025 предложен од пратеници од СДСМ, со кој треба да се обезбедат 50 милиони денари за набавка на еколошки автобуси, кои треба да се поделат на општини со организиран јавен превоз, беше одбиен од заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во расправата по амандманот истакна дека во буџетот не се предвидени средства за набавка на еколошки автобуси, што беше образложение на власта за одбивање на амандманот.
„Основната лекција во креирање буџет е да има приходна и расходна страна, ако на приходната страна нема пари, не може да има трошок на расходната страна. Велите гледаме да купиме 120 автобуси, а ги нема ви буџетот, како 35 милиони за Мајка Тереза универзитетот, што ги најдовте, а во буџетот се предвидени одвај 100.000 евра“, рече Битиќи.
Тој истакна дека денеска тие шест еколошки автобуси, не изникнаа, тоа пред 5 години е влезено во програмирање, така се води држава, една партија почнува, друга ќе продолжи, тоа е нормален начин.
„Вашата градоначалничка во Скопје, требаше да купи 250 еколошки автобуси, па БРТ, за да денеска нема ни БРТ, ни еколошки автобуси, гледаме дали Белград ќе ни даде. Не само да кажуваме дека планираме, три години видовме во Скопје како се планира, и како не се купуваат 250 автобуси, порача пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, на собраниската комисија за финансирање и буџет.