Македонија
По Велигден, лидерска средба за името
По велигденските празници ќе се одржи лидерска средба на која политичките партии ќе бидат информирани за текот на разговорите за името, на која се очекува да бидат дадени и насоки и сугестии пред следната рунда разговори што треба да се одржи наскоро. Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека има позитивен исчекор во разговорите за името и дека тој е поголем оптимист по средбата Димитров-Коѕијас во Виена со посредникот Метју Нимиц.
„Поради други агенди на дел од учесниците, од опозицијата пред сè беше побарано напредокот што сега е постигнат во разговорите да биде споделен на билатерални средби на министерот за надворешни работи со мене, со претседателот на државата, претседателот на парламентот, со шефот на опозицијата, господинот Мицковски и со господинот Али Ахмети, а не по Велигден, ако можеме, на 10 на пример, да се одржи и лидерска средба, пред сè и како давање и насоки и сугестии пред следната рунда разговори што ја очекуваме по велигденските празници. Тоа беше нивно барање и ние го прифативме сè со конечна цел сите да бидат информирани и заедно да ги градиме стратегиите со конечна цел, решение на проблемот со името. Во 9 часот утрово имав едночасовна средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Ги знам сите детали и драго ми е што можам да потврдам дека има позитивен исчекор во разговорите“, изјави Заев.
Според него, тоа дава можност преку еден отворен, пријателски начин двајцата министри слободно да разговараат за секој сегмент на чувствителноста на прашањата со конечна цел да се најде решение за проблемот со името. „Ако некој ме праша, дали сум повеќе или помалку оптимист или позитивен, јас сум повеќе позитивен и поголем оптимист по оваа средба којашто Димитров ја имаше со Коѕијас во Виена под раководство на посредникот Метју Нимиц“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

