Спорт
Несторовски се врати со прекрасен гол, Палермо загуби во Парма (видео)
По репрезентативната должност, за која во Палермо не беа најсреќни, Илија Несторовски се врати на клупските обврски кон тимот од Сицилија, постигнувајќи гол, но неговиот клуб загуби со 3:2 на гостувањето кај Парма, директниот ривал за пласман во Серија…
По репрезентативната должност, за која во Палермо не беа најсреќни, Илија Несторовски се врати на клупските обврски кон тимот од Сицилија, постигнувајќи гол, но неговиот клуб загуби со 3:2 на гостувањето кај Парма, директниот ривал за пласман во Серија А.
Несторовски го постигна својот 14. гол оваа сезона за Палермо, меѓутоа тоа беше само за намалување на 3:1, по што гостите успеаја да постигнат уште еден гол во финишот на натпреварот.
По 33. кола во италијанската втора лига, Палермо се трети со 57 поени, еден помалку од второпласираниот Фросиноне и четири пред Парма. Два тима директно влегуваат во италијанската елита, така што до крајот на сезонат ќе биде многу интересно.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(ВИДЕО) Историска победа на Турција
Турција со одличен резултат се пласира во четвртфиналето на европското првенство, откако ја совлада Австрија која доживеа вистински пораз.
Годинава на Европското беа на првото место во една од најтешките групи, и изгледаа дека имаат одличен компактен тим за кој многу експерти предвидуваа дека ќе го оди до крај.
Сепак, Турција беше подобра и поради дисциплинираната одбрана.
Турција од вечерва ќе стане побогата за две фудбалски имиња – Мерих Демирел и Мерт Гунок.
Дефанзивецот Демирел постигна два гола од корнер, а Гунок со одлична одбрана во последните минути од натпреварот ја спаси победата на тимот.
Голманот на турската репрезентација херој на мечот.
Тој во последните моменти од мечот против Австрија го сопре обидот на Кристоф Баумгартнер и на тој начин спречи израмнување (2:1).
Голманот на Бешикташ ја направи можеби најдобрата одбрана на турнирот, ако се земе предвид моментот на игра.
Извесно е дека Турците имаат играчки и тактички квалитет за понатамошниот тек на натпреварувањето, а резултатот од 2008 година, односно полуфиналето, сигурно ќе биде мотив за следната рунда.
Спорт
Нема ден без селекторот
Пикси смета дека дал максимум за својата репрезентација.
Во наредниот период се очекува Стојковиќ да има разговори со првиот човек на ФСС Драган Џајиќ, а потоа и со претседателот на државата.
Во договорот потпишан од ФСС со Стојковиќ стои дека во случај на отказ, ќе му се должи сума од еден милион евра, а тоа е еден од главните проблеми околу оставката на актуелниот тренер, што можеби нема ни да се случи!
Доколку во секој случај ФСС решат да ја прекинат соработката со Стојковиќ, ќе имаат тешка работа во поглед на наоѓање нов тренер.
Од тамошните тренери на таа функција претендираат Славиша Јокановиќ и Александар Јанковиќ, додека веќе на големо се зборува дека во случај на отказ на Стојковиќ на негово место би можел да дојде тренер од странство.
Србија во септември ќе има обврски во Лигата на нации каде ќе се натпреварува во најсилната А дивизија, а ривали во групата ќе бидат Шпанија, Данска и Швајцарија, сите учесници во нокаут фазата на ЕП.
Србија во декември ќе ги добие ривалите во квалификациите за СП 2026 година, а борбата за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада ќе започне во март 2025 година.
Спорт
Модерниот дом на фудбалот
Модерниот дом на фудбалерите на Лајпциг се наоѓа на местото на некогаш најголемиот стадион во Германија и еден од најголемите во Европа.
Во него се вградени најнапредните аудио-визуелни системи.
Oсветлувањето е интегрирано во покривот, а акустиката на стадионот е најдобра во земјата.
„Стадионот Лајпциг“, како што официјално се нарекува за време на Европското првенство, прима 40.000 навивачи – помалку од сите останати.
Поради добрата акустика, стадионот во Лајпциг беше домаќин на концертите на Тина Тарнер, Пол Макартни и многу други музички великани.
Градот Лајпциг е познат во светот по својата богата музичка традиција и импресивна архитектура.
Кулата висока 142,5 метри е најпрепознатливото архитектонско обележје на Лајпциг, а палубата за набљудување на 31-ви кат нуди панорамски поглед на целиот град и поширокиот регион.
Ова е последен дуел на Европското првенство што ќе се одигра во Лајпциг.