Црна хроника
Автобус удри во дете
Автобус управуван од Х.Р. (43) од с. Љубин, Скопско, вчера околу 15.10 часот на улицата Лука Геров во Скопје, веднаш по крстосницата со улицата Лазо Дамовски-Ошенски, удрил во деветгодишно дете од Скопје.
Од ударот детето добило тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентнииот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удри во пешак и избега без да му помогне
Министерството за внатрешни работи информира дека е пронајдена и приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удрила пешак и избегала без да му помогне.
„На 31.01.2025 во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М.(42), затоа што на 31.01.2025 околу 14 часот на крстосница од бул. „Кузман Јосифоски Питу“ и ул. „Бојмија“ со патничко моторно возило „цитроен“ удрила во пешакот А.М. (38) од Скопје и го напуштила местото на настанот без да укаже помош на повредениот. А.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани телесни повреди“, велат од МВР.
Оттаму додаваат дека по наредба на јавен обвинител С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
Црна хроника
Нова сообраќајна несреќа во Скопје: прегазен пешак, возачот избегал
Додека траеше протестот поради смртта на 22-годишната Фросина Кулакова која беше прегазена на булевар „Партизански одреди“, во 13:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје автомобил „Ситроен“ удрил во маж и веднаш потоа избегал од местото.
„Повредениот пешак е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Полициски службеници од СВР Скопје преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот“, информираат од МВР.
Црна хроника
Работник од Неготино бил удрен од вилушкар во фабрика, тешко е повреден
Во полицијата во Неготино било пријавено дека во кругот на фабрика во село Дуброво, неготинско, со вилушкар, управуван од З.Б.(51) од Неготино, бил удрен вработениот Б.И.(26).
Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.
Извршен е увид.