Црна хроника
Притвор за велешанец поради обид за убиство во свињарска фарма
Триесетдневен притвор доби велешанецот кој со секира ги нападнал вработените во свињарската фарма во Велес. Според велешкото обвинителство, притворот му е определен бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело. Дваесет и шестгодишниот велешанец ќе одговара за обид за убиство и за загрозување на сигурноста бидејќи на 1 април околу 20.30 часот во објект на свињарска фарма во пијана состојба нападнал едне од присутните.
„Во моментот кога во објектот дошол оштетениот, му се обратил со повеќе пцости упатени до него и неговото семејство. Потоа осомничениот извадил нож и со него на оштетениот му нанел неколку убоди нанесувајќи му со тоа телесна повреда. Потоа зел од објектот една секира и со неа се упатил кон другите присутни заканувајќи им се дека ќе ги убие, со што ја загрозил сигурноста на оштетените“, соопшти обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница
Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Од полицијата велат дека се работи за физичка пресметка меѓу две групи на затвореници, а едно лице е тешко повредено.
„Осуденикот Х.Ф.(29) од Студеничани, Скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’ во Скопје“, велат од МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Насилство во затворот имаше и пред два дена, кога осуденикот Ѓ.М.(43) од Скопје бил физички нападнат од осуденикот К.Ф.(40) од Гостивар.
Црна хроника
Син го нападнал својот татко во Карпош
Педесет и петгодишен маж бил нападнат од својот син во домот на подрачјето на Карпош.
Случајот бил пријавен во МВР во текот на вчерашниот ден.
Се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Maж најден починат во напуштен објект во центарот на Скопје
Во напуштен објект на подрачјето на Центар во Скопје било пронајдено починато машко лице, објави МВР.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт и извршен е увид.
Засега нема информации за идентитетот на мажот, ниту дали смртта е насилна. Телото на починатиот е дадено на обдукција.