Контакт

Надворешна политика

Бренде – Попоски: Добри политички релации и соработка меѓу Норвешка и Македонија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во вторникот престојуваше во официјална посета на Норвешка,  каде со својот колега, норвешкиот министер Борге Бренде разговараа околу можностите за унапредување на билатералните односи и соработка во повеќе сфери од заемен интерес. 

dobivaj vesti na viber

Попоски и Бренде заемно ги потврдија добрите политички релации и плодната соработка во одбраната и безбедноста. Во фокусот на разговорите беше и евроатлантската интеграција на Македонија.

„Повеќегодишната блокада во НАТО и ЕУ е реалност, но за да се надмине, потребна е промена во пристапот“, истакна Попоски. „Невообичаено е што со географски подалечна земја партнер брзо доаѓаме до логични заклучоци за тоа како може да го направиме регионот постабилен, додека некогаш меѓу соседи делува потешко да договориме пристап во заеднички интерес“, подвлече тој.

Норвешките соговорници ја повторија принципиелната поддршка на политиката на отворени врати на Алијансата за Македонија како значаен предуслов за долготрајната стабилност и безбедност на целиот регион како и за процесот на проширување на Европската Унија. На средбите се разговараше и за мигрантско – бегалската криза./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа22 минути

Рускиот парламент усвои закон со кој се казнуваат корисниците за пребарувања на интернет

Русија сè повеќе го ограничува слободниот пристап до интернет, а медиумскиот регулатор Роскомнадзор неодамна го блокираше пристапот до 56.000 веб-страници...

Свет26 минути

Трамп го објави трговскиот договор со Јапонија: ќе инвестира 550 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп објави постигнување трговски договор со Јапонија, според кој, според него, Јапонија ќе инвестира 550 милијарди долари...

Европа59 минути

(Видео) Француски воен авион се урна во Украина, објавена е снимка

Украинските воздухопловни сили во вторникот објавија дека француски борбен авион Мираж-2000 се урна во регионот Волин, објави Анадолија. „Вечерта на...

Свет1 час

Трамп се сретна со Безос во Белата куќа, разговараа повеќе од еден час

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со основачот на Амазон, Џеф Безос, во Белата куќа минатата недела, дознава Си-ен-би-си. Средбата...

Македонија1 час

Метеж на границите: се чека до 40 минути на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Денеска, во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување...

Македонија15 часа

Работа од далечина, ослободување за ранливите категории на граѓани: власта со препораки за работодавачите поради топлотниот бран

Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C...

Македонија17 часа

13 обвинети признаа вина за случајот со измамите со инвалидските пензии и туѓата нега – пресудена затворска казна

Тринаесет обвинети во предметот „Синдром“ склучија спогодби со Обвинителството и врз основа на тоа Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди, при...

Економија19 часа

Линеарното покачување на пензиите од 1.000 денари ќе стигне во Собранието пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Владата, на денешната седница, ќе го разгледа предлог-законот со кој пензиите, место процентуално, наесен и следната пролет ќе се покачат...

Топ21 час

Македонец почина на плажа во Драч

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија. Инцидентот се случил вчера околу 19 часот во близина на...

Македонија21 час

Бронзен медал за македонскиот тим на Европската олимпијада во информатика

Македонските ученички информатичарки трета година по ред се оние што успешно ја претставуваат Македонија на меѓународните олимпијади по информатика. На...

Македонија21 час

Стабилизирана состојбата со пожарот во Преспа, но природата претрпе голема штета

Пожарот што го зафати Езерани во Преспа е ставен под контрола, информира Македонското еколошко друштво. Според нив, ноќта била релативно...

Македонија22 часа

Шест пожари сè уште активни, 38 интервенции на отворено во изминатoто деноноќие

Во изминатите 24 часа, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал вкупно 38 пожари на отворен простор низ земјата. Од...

Европа23 часа

Утре почнуваат нови преговори меѓу Украина и Русија

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија е планирана за среда во Турција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски цитирајќи...

Македонија23 часа

„Влен“: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

„За само четири години како министер, Бујар Османи трчаше 11 пати на средби во Белград, а ниту еднаш во Приштина....

Свет24 часа

(Видео) Расте бројот на жртви во падот на воен авион во Бангладеш: причина за несреќата механички дефект

Најмалку 27 лица загинаа откако авион за обука на воздухопловните сили на Бангладеш се урна вчера во универзитетски и училишен...

Свет1 ден

(Видео) Синот на Бајден: Апчињата за спиење се виновни за дебаклот на дебатата со Трамп

Хантер Бајден во ново интервју изјави дека татко му, поранешниот американски претседател Џо Бајден, зел апче за спиење пред неговата...

Европа1 ден

(Видео) Автобус со рудари излета во 25-метарска бездна во Русија: 13 мртви, 20 повредени

13 лица загинаа, а 20 се повредени откако автобус што превезувал рудари паднал во провалија во далечната источна руска република...

Македонија1 ден

Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ известува дека денеска во време од 08:00–16:00 часот ќе биде...

Македонија1 ден

Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степена

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен...

Македонија1 ден

ДУИ ги соопшти имињата за градоначалници и во Тетово и Желино, за Гостивар ќе чека предлог од Таравари, а за Струга од Села

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, свика редовна седница на Централното претседателство на партијата, на која беа...