Спорт
Борко Ритовски се сели во Бенфика
Борко Ристовски од наредната сезона ќе го носи дресот на Бенфика, објави вилјателниот весник „Ожого“. Според истиот извор Ристовски ќе потпише најмалку тригодишен договор.
Македонскиот репрезентативец во изминатите две сезони го носеше дресот на Барсел…
Борко Ристовски од наредната сезона ќе го носи дресот на Бенфика, објави вилјателниот весник „Ожого“. Според истиот извор Ристовски ќе потпише најмалку тригодишен договор.
Македонскиот репрезентативец во изминатите две сезони го носеше дресот на Барселона. Од наредната сезона на неговото место ќе дојде Данецот од Фленсбург, Кевин Мелер.
Ристовски во богата кариера бил член и на Рајн Некар, Кретил, Гумерсбах, Вардар, Металург…Со македонската репрезентација го освои петтото место на Европското првенство во 2012 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(ВИДЕО) Пеналите го одлучија победникот
Фудбалската репрезентација на Франција ја совлада селекцијата на Португалија по изведување на пеналите и се пласираше во полуфиналето на Европското фудбалско првенство, каде ќе ги пречека репрезентацијата на Шпанија.
Натпреварот започна во добар ритам, но во првите десет минути немаше поголеми прилики.
На првата вистинска шанса чекавме до 16. минута. Бруно Фернандеш шутираше од 20 метри, но Салиба го одби неговиот удар во корнер.
Три минути подоцна, Французите одговорија. Тео Ернандез ја прими топката на работ од шеснаесетникот и шутираше силно, но Диого Коста беше добро поставен и го одбрани неговиот удар.
Тоа беше практично сè во првото полувреме кое не изобилуваше со добра игра или шанси за гол.
Почетокот на второто полувреме беше подинамичен. Добра прилика имаше Мендеш во 51. минута. Португалскиот дефанзивец падна, но без контакт со францускиот фудбалер. Судијата Мајкл Оливер донесе правилна одлука и даде знак за продолжување на играта.
Во 61. минута Мајк Мањан мораше да го спасува францускиот гол.
По продолженијата без голови, Дембеле го изведе пеналот и беше сигурен, додека Кристијано Роналдо го изведе првиот удар за Португалија и исто така погоди.
Во втората серија за триколорите стрелаше резервистот Фофана. Коста се фрли на страна, но топката помина низ средината на голот. На другата страна Бернардо Силва шутираше високо десно.
Третата серија ја започна Жил Кунде. Кунде се погрижи со шут високо лево, иако Коста бранеше на истата страна. За Португалија следниот пенал го изведе Жоао Феликс, Мањан му попречи, а Феликс ја погоди стативата.
Во четвртата серија Баркола стрелаше за Французите. Го испрати Коста во една, а топката во друга насока. За Португалија, Мендеш ја смести топката на белата точка и беше сигурен.
Тео Ернандез имаше шанса да ја заврши работата за Французите и постигна гол. Франција во полуфиналето ќе се соочи со Шпанија.
Спорт
Роналдо фудбалскиот идол на Килијан Мбапе
Кога бил мал, во својата соба имал огромен постер од Роналдо.
Кога се запознале, станал негов најдобар советник. Францускиот напаѓач Килијан Мбапе (25) израсна во еден од најдобрите фудбалери во светот, но и сега со голема почит зборува за тоа колку Кристијано Роналдо му помогнал во кариерата.
Сите знаат колку му се восхитувам како играч. Имав среќа да бидам со него рамо до рамо, да го сретнам и да разговараме. Сè уште сме во контакт. Секогаш ми помага, и ме советува.
За мене е чест, особено кога размислуваме што направил за светот на фудбалот.
Без разлика што се случувало претходно или што ќе се случи потоа, тој ќе биде фудбалска легенда – изјави Мбапе.
Мбапе од следната сезона ќе игра за Реал Мадрид, па некои веќе го прогласија за наследник на Кристијано
„Не, тој е единствен. Има само еден Кристијано Роналдо, секогаш ќе има само еден.
Одам по својот пат. Мојот сон да играм за Реал Мадрид станува реалност.
Се надевам дека ќе можам да оставам белег и на фудбалот, но нема да го пишувам следното поглавје на Кристијано Роналдо“, изјави францускиот напаѓач.
Спорт
„Француското проклетство“ излечено со европскиот трофеј
Меѓусебните дуели на овие две селекции датираат од 1926 година и во вкупниот скор вклучително и пријателските, Франција е далеку надмоќна со дури 19 победи, шест порази и три нерешени.
Првите три средби беа во полуфиналето на големите натпреварувања ЕП 1984 и 2000 година и Светското првенство во 2006 година.
Франција славеше три пати. Португалците сепак ги совладаат во дуелот за трофејот.
Тоа беше во финалето на Европското 2016, во Париз.
Така финалистот на Светското првенство во Катар стигна до четвртфиналето на Европското првенство.
Во првиот натпревар Вебер со автогол им донесе три бода против Австрија.
Следеа нерешени средби со Холандија и Полска. Првиот беше без голови, а во вториот Мбапе беше сигурен од белата точка.
Тие стигнаа до четвртфиналето благодарение на автоголот на белгискиот стопер Јан Вертонген. Ниту 19. удари кон голот на „црвените ѓаволи“ не беа доволни за да го матираат ривалскиот голман.
„Галските петли“ имаат тројца напаѓачи во тимот кои се меѓу четворицата најдобри стрелци во историјата на француската репрезентација. Рекордер е ветеранот Оливие Жиру, Антоан Гризман и е еден од најдобрите играчи во светот Килијан Мбапе.