Македонија
Филипче: Со аванс од ФЗОМ ќе се реши проблемот со сметката на Клиниката за гинекологија
Со аванс од Фондот за здравствено осигурување ќе се реши проблемот со Клиниката за гинекологија, која неколу дена има блокирана сметка. Министерот за здравство, Венко Филипче, утринава имал состанок со директорот на ФЗОМ и донеле одлука авансот да биде во висина колкава што е сумата за блокираната сметка.
– Ќе се обезбеди дополнителна сума во форма на аванс. Таа ќе биде достапна за Клиниката за гинекологија во текот на денешниот ден или евентуално поради близината на празниците, во текот на наредната недела во вторник. Проблемот е решен и сметката ќе биде ослободена за нормално функционирање на Клиниката – рече министерот Филипче.
Сметката на Клиниката за гинекологија и акушерство е блокирана неколку дена поради обврската да им исплати отштета од 40.974.561 денар на семејства што тужеле дека нивните деца останале со оштетен вид поради ненавремено откриена ретинопатија. Како што појаснија од Клиниката, станувало збор за случаи од 2008 година кога не постоела скрининг-програма и за судски процеси од пред десет години за кои сега дошла извршна пресуда, која треба веднаш да се исплати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.