Македонија
Сите пријатели на Куманово ќе имаат свое спомен-обележје, не само КБР, вели градоначалникот Димитриевски

Не само американската компанија „Келог, Браун и Рут“ туку и сите пријатели на градот ќе имаат своја табла со спомен-обележје во новиот парк во Куманово, вели градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, за „Макфакс“. Тој додава дека ќе предложи паркот да го носи името парк на пријателството, а во него ќе има фонтана и спомен-плочи на благодарност на сите правни и физички лица што направиле значајни работи за граѓаните и градот.
– Правиме нов парк во Куманово, јас ќе предложам да се вика парк на пријателството и во него ќе има постамент со табли на сите пријатели на Куманово. Една од таблите ќе предложам да биде на КБР, тоа е компанија што последниве 15 години е најголем работодавец во Куманово. Потоа, ќе има табла и за УНДП и за сите пријатели на градот, вели Димитриевски.
Од Општината дообјаснуваат дека заедно со Советот ќе направиат листа на пријатели за кои ќе бидат изготвени и соодветни одлуки и благодарници.
Предлогот, како што кажа Димитриевски, ќе го достави на една од наредните седници на Советот на Општината. На вчерашната седница тој најави дека ќе предложи да се подигне споменик на компанијата КБР во знак на благодарност за придонесот што го дала преку ангажирањето кумановци за работа во Авганистан и Ирак бидејќи, како што образложи, компанијата инкасирала повеќе од една милијарда евра во Општината.
На предлогот негодуваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека ќе гласаат „против“ кога ќе дојде на дневен ред бидејќи, според нив, имало многу позначајни личности за градот кои заслужуваат да имаат спомен-обележје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кузеска: Властa ја пропушти шансата за фер изборен законик

Жалиме што власта ја пропушти шансата да се обезбеди изборна рамка која е фер, праведна и прифатлива за сите, изјави портпароката на СДСМ, Богданка Кузеска за изборниот законик.
„Пред ЗКП направивме координација и сите партии освен ДУИ поддржаа 0,5 за независните. Се ризикува изборите да се претворат во хаос. Мора многу внимателно да се разгледаат сите правни аспекти. Жалиме што се пропушти шансата да се стави рамка која беше добра и прифатлива за сите“, изјави Кузеска одговарајќи на новинарско прашање.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДС пред да зборува за економските политики и за тоа како се живее во државата, нека го праша Филипче како живее, бијдеќи тоа што го збори СДС, а Филипче го прави не соодветствува едно со друго, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на која СДСМ побара покачување на минималната плата и платите во сите сектори.
„Нека каже Филипче како со лекарска и пратеничка плата, се стига до јахти, облакодери и акции во авиокомпании, па да ја раководиме економијата на државата во тој правец. Секако, ако е легално и законски начинот на кој ги заработил парите.
Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи. Од земја на раб на банкрот, зголемени сметки, плати кои стагнираат и не се исплаќаат во време на СДС, за една година го сменивме начинот на живеење. Сега, граѓаните имаат повисоки плати, пензии, нови работни места, земјоделците добиваат субвенции.
Разликата е јасна. Со СДС се крадеше, а сега со ВМРО-ДПМНЕ се градат темелите на промените“, се додава во партиската реакција.
Македонија
(Видео) Владата да ја покачи минималната плата на 500 евра, порача СДСМ

Филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски за наводен раст на платите од 11 до 13 проценти месечно се најголемо потценување и навреда за граѓаните, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Мицкоски сака да каже дека платите во последните месеци пораснале и до 110 проценти. Такви фантазии не постојат во македонската економија. Реалноста е спротивна – цените растат, а платите стагнираат“, рече Кузеска.
Таа посочи дека според официјалните податоци синдикалната кошница за четири месеци се зголемила за 3.473 денари, додека просечната плата пораснала за само 1.033 денари.
„Минималната плата во Македонија е најниска во регионот, додека во БиХ е 511 евра, во Србија 500, во Црна Гора меѓу 600 и 800 евра. Владата на Мицкоски не дозволува минималната плата да достигне 500 евра“, изјави таа.
СДСМ оценува дека Македонија тоне во сиромаштија, со БДП по глава на жител од 8.751 долар, далеку под европскиот просек.
„Филмовите на Мицкоски не ја плаќаат потрошувачката кошница. Владата мора веднаш да ги покачи платите и да го прифати предлогот на СДСМ за минимална плата од 500 евра и покачување во сите сектори“, додаде Кузеска.