Црна хроника
Приведен македонски државјанин баран за шверц на дрога
Царински инспектори од Одделението за истраги во вторникот на граничниот премин Табановце привеле македонски државјанин против кого во февруари годинава била поднесена кривична пријава за шверц со дрога.
Во февруари годинава при претрес на патнички автомобил со македонски регистарски ознаки во патна торба, царинските службеници од граничниот премин Табановце пронашле пар долни тренерки во чии ногавици помеѓу поставата се откриени два црни чорапи наполнети со непозната густа материја со бела боја позната како амфетамин со тежина од 191 грам. Од спроведената предистражна постапка, царинските инспектори од Одделението за истраги најдоа докази кои укажувале на фактот дека во шверцот на дрога, освен возачот на автомобилот, вмешано е уште едно лице кое долги години живее и работи во Германија, а кој во моментот на откривање на кривичното дело не бил во Македонија.Судија на претходна постапка во отсуство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање. Во вторник осомничениот пристигнал на граничниот премин Табановце – автопат и се пријавил за влез во државата, при што, согласно законските овластувања по преземените мерки и активности, царинските инспектори од Одделението за истраги го приведоа осомниченото лице и го изведоа пред судијата на претходна постапка при Основниот Суд Куманово, кој му изрече мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

