Компании
Apple на Ирска да ѝ плати 13 млрд евра, гигантот ќе се жали, Ирска не ги сака парите
Европската комисија (ЕК) пресуди дека американската компанија Apple е должна на Ирска да ѝ исплати 13 милијарди евра на име на неплатен данок за своето работење во Ирска, што е највисока казна која некогаш е изречена.
ЕК спровела обемна, тригодишна истрага, од која заклучила дека профитот од данокот кој американската компанија го присвоила е илегален.
Како што се вели, „селективниот третман“ му дозволил на Apple да плаќа само еден отсто данок на вкупниот профит остварен во Европа. ЕК истакнува дека ваквиот „нефер однос“ му овозможил на овој гигант да плаќа значително помал данок од конкуренцијата. Според ЕК, Apple добивал „илегална поддршка од државата“ која не им била овозможена на другите компании.
Истрагата открива на кој начин моќната американска компанија ја сели својата интелектуална сопственост во земји кои имаат пониски даночни стапки. Се очекува дека Apple ќе ја обжали оваа пресуда.
Од друга страна Ирска не ги сака парите на Apple, пренесува The Guardina. Ирскиот министер за финансии Мајкл Нунан истакнал дека „силно се противи“ на оваа одлука на ЕК.
„Ваквата пресуда не остава други можности освен да биде обжалена. Ќе побарам од владиниот кабинет да дозволи пресудата да биде обжалена, бидејќи оваа пресуда е директен удар врз даночниот систем на Ирска“, рекол Нунан.
За разлика од ирскиот министер за финансии, Маргарет Вестагер, која е европски комесар за конкурентност на пазарот, рекла дека целата работа е чиста и дека пресудата не преставува никаква казна за американската компанија, туку дека „Епл“ едноставно мора да плати данок.
Таа потенцира дека Ирска и САД го прекршиле законот.
„Државите членки на Европската унија не смеат да даваат даночни олеснувања на одредени компании. Тоа е против законите на Европската унија. Комисијата заклучи дека Ирска на компанијата и гарантирала незаконски даночни олеснувања, кои на Apple му овозможиле да не го плати задолжителниот данок, односно најголемиот негов дел“, истакнала Вестагер.
ЕК пронашла неправилности во работењето меѓу Ирска и Apple кои резултирале со значително намалено плаќање на данок уште од 1991 година./крај/мф/нц
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

