Спорт
Абрамович загуби 534 милиони во еден ден!
Тимот на Челси нема најдобри неколку месеци, со испаѓањето од Лигата на шампионите и со многу малку шанси за пласман во европската елита следната сезона. Но, на нивниот сопственик, Роман Абрамович работите му одат многу полошо.
Според „Москоу тајмс“, ш…

Тимот на Челси нема најдобри неколку месеци со испаѓањето од Лигата на шампионите и со многу малку шанси за пласман во европската елита следната сезона. Но, на сопственикот Роман Абрамович работите му одат многу полошо.
Според „Москоу тајмс“, шефот на Челси загуби 534 милиони долари во еден ден откако беше еден од 50-те најбогати руски бизнисмени што страдаат од санкциите. Ова доаѓа откако САД ги казнија бизнисмените, компаниите и официјалните лица блиски до рускиот претседател Владимир Путин поради мешање во американските избори во 2016 и други злонамерни активности.
Абрамович, кој според магазинот „Форбс“ е тежок 10,8 милиони долари, е 11. најбогат Русин и 140. најбогат човек на светот. Надвор од Русија тој е познат како сопственик на Челси, кој го купи во јуни 2003 година и го направи клубот вистинска сила во Премиер лигата.
Од 2000 до 2008 година тој беше гувернер на областа Чукотка, а според руските медиуми, тој има донирано повеќе пари од кој било Русин – кога од 1999 до 2013 даде 2,5 милијарди долари за изградба на училишта, болници и инфраструктура во Чукотка.
Фото: ЕПА
One that might get more press in the UK than in the US…
That’s Roman Abramovich. $534m poorer today as a result of US sanctions. pic.twitter.com/M2NoaXINbi
— Giles Udy (@GilesUdy) April 9, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Икарди ќе го напушти Галатасарај
Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди (32), би можел да ја продолжи кариерата во Италија или Шпанија, објавија италијанските медиуми, додавајќи дека неговиот менаџер е во контакт со Милан, Комо и Рома.
Икарди, во Галатасарај пристигна пред четири години, досега постигна 69 гола и додаде 22 асистенции.
Со доаѓањето на Виктор Осимен, а потоа и на крилниот напаѓач Лерој Сане, целосно се смени статусот на Икарди.
Иако постигна осум гола на 21 натпревар оваа сезона, тој беше во почетниот состав само шест пати. Бидејќи неговиот договор со Галатасарај истекува на крајот од оваа сезона, можно е тој да се пресели во нов клуб веќе во зимскиот преоден рок.
Италијанските медиуми објавуваат дека покрај италијанските, интерес за Аргентинецот покажале шпанските клубови Елче и Овиедо.
За време на неговата кариера, Икарди играше и за Сампдорија, Интер и ПСЖ. Најдлабока трага остави во Интер, за кој постигна 124 гола на 219 натпревари.
Спорт
Тер Штеген на пат кон северен Лондон?
Фудбалскиот клуб Тотенхем, има желба да го ангажира голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген.
Водечкиот спортски медиум во Каталониј, „Спорт“, пишува дека за Тер Штеген нема место во Барселона, а во Тотенхем не се задоволни од фромата во која брани Гиљелмо Викарио. Исто така, повремениот италијански репрезентативец се поврзува со Интер, но овој трансфер може да се случи дури по завршувањето на сезоната.
Тер Штеген, неодамна се врати од долгата повреда, прв голман е Џоан Гарсија, кој пристигна летово од Еспањол. Јасно е дека нема иднина на „Ноу Камп“, а доколку сака да биде во германската репрезентација на СП, мора да најде тим каде што ќе брани.
Foto/ depositphotos
Спорт
Синот на Анчелоти доби отказ
Давиде Анчелоти, син на познатиот италијански тренер Карло Анчелоти, кој моментално е селектор на Бразил, беше отпуштен од Ботафого. Анчелоти јуниор го презеде бразилскиот клуб во јули оваа година и тоа беше негово прво назначување како главен тренер.
Анчелоти го водеше Ботафого во 33 натпревари, забележувајќи 15 победи, 10 нерешени и 8 порази. Во бразилското првенство, Ботафого заврши на шестото место и беше елиминиран во осминафиналето на Купот Либертадорес.
Претходно, Анчелоти му беше асистент на Дон Карло во Реал Мадрид, Евертон и Наполи, а започна како фитнес тренер во ПСЖ.
„Ботафого објавува дека Давиде Анчелоти повеќе не е тренер на првиот тим. Фитнес тренерот Лука Гера и асистентите Луис Тевенет и Ендру Манган си заминуваат со него. Клубот му се заблагодарува на Анчелоти за неговата професионалност и посветеност додека го водеше тимот и му посакува успех во неговите идни предизвици“, објави бразилскиот премиерлигаш, додавајќи дека името на новиот тренер ќе биде објавено наскоро.
Foto/ depositphotos

