Спорт
Дали ФИФА ќе почне да ги продава своите натпреварувања?
„Дојче веле“ тврди дека ФИФА може да заработи милијарди долари ако реши да продаде две од своите натпреварувања на инвеститори од Блискиот Исток.
Извори од ФИФА велат дека претседателот Џани Инфантино минатиот месец им соопштил на членовите на Советот …

„Дојче веле“ тврди дека ФИФА може да заработи милијарди долари ако реши да продаде две од своите натпреварувања на инвеститори од Блискиот Исток.
Извори од ФИФА велат дека претседателот Џани Инфантино минатиот месец им соопштил на членовите на Советот на ФИФА дека постои голема понуда по состанокот во Богота, Колумбија, каде што биле понудени 25 милијарди долари за правата на проширеното Светско клупско првенство и новата предложена глобална национална лига.
Според „Дојче веле“, инвеститорите бараат брз одговор и Инфантино побарал одобрување од Советот да продолжи со преговорите. ФИФА и Германската фудбалска федерација (ДФБ), чиј претседател Рајнхард Гриндел бил присутен на состанокот, одбија да дадат коментар.

Според „Њујорк тајмс“, се работи за групација на инвеститори од Блискиот Исток, но и од Кина и САД. Тие предложиле шема со која ФИФА ќе има 51 отсто од сопственоста во заедничкиот бизнис, а проширеното Светско клупско првенство, на кое досега учествуваа шесте континентални шампиони и тим од домаќинот на натпреварувањето, би бил проширен со учество на најголемите европски клубови.
Од друга страна, глобалната лига на нации би била продолжување на Лигата на нации на УЕФА, која почнува овој септември и би почнала веќе во 2021 година.
Доколку се остварат најавите, ФИФА би добила голема финансиска инјекција и би се вратил огромниот приход на организацијата што во 2015 беше погодена со финансиски скандал. „Дојче веле“ тврди дека приходот од 1,5 милијарда долари по Светското првенство во 2014 година паднал на 900 милиони долари за тековната година.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Капело му се восхитува на голманот на Рома
Пред натпреварот помеѓу Јувентус и Рома, легендарниот тренер Фабио Капело ги откри своите очекувања за дербито во Серија А.
Капело некогаш ги водеше двата клуба, а сега издвои четири фудбалери кои би можеле да бидат клучни фактори во играта, а како Икс фактор го издвои голманот на Рома.
„Свилар. Тој е најдобриот голман во лигата со неверојатен преглед на играта и извонредни одбрани. Тој е голман кој се смета за напаѓач во целокупниот биланс на тимот“, рече славниот Капело.
Што се однесува до другите играчи, Капело го гледа и бразилскиот бек Весли како клучен фактор во Рома, додека Кенан Јилдиз и Франциско Консеисао се во преден план во тимот на Јувентус.
Јуве и Рома се среќаваат во сабота на стадионот „Алијанц“ во Торино во 16-то коло, во Серија А.
„Црно-белите“ се петти на табелата со 26 бода, четири бода зад четвртопласираниот противник.
Foto/ freerangestock
Спорт
Мбапе е на прагот да го сруши рекордот на Роналдо
Килијан Мбапе е на чекор до историско остварување во дресот на Реал Мадрид.
Францускиот напаѓач постигна два гола во победата на „кралскиот клуб“ од 3:2 над третолигашот Талавера во Купот, со што дополнително го зголеми својот учинок во календарската година.
Со овие два гола, Мбапе дојде до бројката од 58 гола во 2025 година, што е само гол помалку од израмнување на рекордот на Кристијано Роналдо од 2013 година. Португалецот постигна 59 гола во Реал Мадрид таа година.
Доколку Мбапе ја погоди мрежата во последниот натпревар од годината против Севилја, ќе го израмни рекордот, а со два или повеќе гола, ќе стане и апсолутен рекордер на клубот.
Брилијантниот Французин одлично се игра во тековната сезона 2025/26 – постигна 29 гола на 26 одиграни натпревари. Тој постигна 17 гола на 17 натпревари во Ла Лига, постигна девет гола на пет натпревари во Лигата на шампионите, додаде два во Кралскиот куп, додека постигна и еден гол на Светското клупско првенство во САД.
Foto/ depositphotos
Спорт
Шкендија против Лех или Самсунспор во плејофот
Македонскиот шампион Шкендија, успеа да избори пласман во нокаут фазата, во Конференциската лига. Во Ларнака, синоќа, Шкендија загуби од АЕК (1:0), но поради гол разликата, успеа да го освои 22-то место.
Шкендија стана првиот тим од Македонија што успеал да влезе во нокаут фазата на едно европско натпреварување. Во плејофот противник на Шкендија ќе биде Лех познањ (полска) или Самсунспор (Турција). Натпреварите се на програмата на 19 и 26 февруари наредната година. Познато е дека Шкендија ќе биде домаќин во првиот натпревар.

Историскиот пласман во нокаут фазата на клубот му донесе заработка од 6.000.000 евра. Пласманот во главната фаза и резултатите остварени во шесте натпревари на клубот му донесоа 5.800.000 евра, а дополнителни 200.000 евра клубот заработи со пласманот во плејофот.
Foto/ EPA

