Црна хроника
Вчера во Скопје 11 сообраќајки
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, седум со телесни повреди и три со материјална штета.
При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, додека 14 лица се здобиле со лесни телесни повреди. Потоа, 18 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената, 13 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи 11 од нив управувале возила пред да се стекнат со право за управување моторни возила, еден возач бил почетник и еден возел под дејство на алкохол. Двајца возачи се санкционирани бидејќи недале првенство на минување на пешаци, седумина неправилно се престроиле, а тројца возачи некористеле заштитен шлем при управување велосипед со мотор, мопед или мотоцикл. Исто така, 11 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Во однос на пешаците санкциониран бил еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 97 мандатни платни налози, додека 70 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод: тешко повредени деца на возраст од седум и девет години
Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

