Македонија
(Видео) Дескоска: Дел од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ се неисправни, неразбирливи и непримeнливи
По прес-конференцијата на претеникот Зеќир Рамчиловиќ од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, министерката Рената Дескоска тврди дека одредени амандмани на опозицијата се технички неисправни и не можат да значат подобрување на текстот. Притоа, додаде таа, истите се неразбирливи и неприменливи.
Дескоска вели дека има амандман за лицата кои се без државјанство да имаат право на образование преку разни договори, а тоа според неа не е во согласност со меѓународната легислатива.
„Бараат еднојазичен печат, а законот кој тие го донеле е истиот да биде довјазичен. Опозицијата бара деканот да не може да распишува студентски избори, а вие знаете што се случи пред некоја година, па така ако нема легитимни пртетставници на студентите, не можат да се решаваат пробелемите. Со тоа, деканот мора да ги распише изборите за тие де бидат легитимни“, вели Дескоска.
Министерката во делот на финансирањето го спори пратеникот Рамчиловиќ и вели дека не е возможно, како што тие бараат со амандманот, финансирањето да биде на помалку од 6 отсто од БДП бидејќи тоа според пресметката било 300 евра и ќе придонело за високото образовние да заврши на колена.
„Државата за некои универзитети била маќеа, а за некои мајка. Сум одела во амфитеатри каде студентите седеле со капи и шалови бидејќи било ладно, факултетот имаше долгови, а државата не даваше пари. Законот е конципиран и хармонизиран во целина. Ако се спроведе ќе донесе подобрување за автономијата на Универзитетот која беше газена, како и подобри услови за студирање“, рече министрката Дескоска.
Актуелната министерка за образовнаие вели дека амандманите не може да го подобрат статусот на професорите, како и покачувањето на платите на професорите, бидејќи како што вели, има буџетска дупка од 5 милиони евра оставена од ВМРО-ДПМНЕ. Според неа, не е јасно зошто еден од амандманите се однесува на ангажирање на помлади асистенти, а токму владата на ВМРО-ДПМНЕ за време на владеењето ги укинала истите.
Инаку, пресот на министерката го проследија и нејзините колеги од опозицијата, Димитар Стевананџија и Зеќир Рамчиловиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.

