Црна хроника
Двајца шверцери повредени во тепачка со мигранти
Двајца шверцери на мигранти се повредени во тепачка со мигрантите што се случила во неделата попладне.
Полицајци попладнето околу 18.45 часот забележале два автомобила на стариот пат за Градско. Едниот автомобил „мерцедес“ со којшто управувал деветнаесетгодишник од Кавадарци и уште едно возило „ауди“ во коешто бил еден малолетник и четворица непознати македонски државјани.Во близина на возилото пронајдени се пет мигранти, четворица од Мароко и еден од Алжир, кои за износ од 700 евра требало да ги превезат до Куманово.Малолетникот во разговор со полицијата кажал дека откако возилото останало дефект, почнала кавга меѓу малолетникот и момчето кое го управувало „мерцедесот“ од една страна и мигрантите од друга страна.Кавадарчанецот бил прободен со нож во ногата, додека малолетникот бил удрен со тврд предмет во лицето. Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.Во неделата утрото се случил уште еден инцидент со мигранти, кога товарно возило „мерцедес вито“ излетало од патот при обид да им избега на полицајците кои сакале да сопрат возилото. Возилото излетало кај село Калоково и удрило во нискостеблести растенија, а возачот избегал. Во возилото се пронајдени девет мигранти од Авганистан,кои се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, а се преземаат мерки за откривање на возачот./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

