Регион
Џихадистичките села во БиХ, закана за цела Европа

Австриската и босанската полиција минатата година разбија терористички центри поради кои сега им се заканува одмазда од страна на Исламска држава (ИД), пишува виенскиот дневник Kurier.
Австриската и босанската полиција минатата година разбија терористички центри поради кои сега им се заканува одмазда од страна на Исламска држава (ИД), пишува виенскиот дневник Kurier.
Австрискиот весник наведува дека во Босна и Херцеговина (БиХ) веќе нема салафистички села, кои претходно, пак, биле поврзани со терористичката организација. Весникот оценува дека убиството на двата војника во Сараево, извршено од Енес Омерагиќ, кој е повратник од војната во Сирија, е всушност одмазда за операцијата „Палмира“, во која австриската и босанската полиција разбија голема мрежа за регрутирање на борци за Исламска држава.
Акцијата започна во 2014-та година во Австрија, кога 900 полицајци во Виена, Грац и Линц учествуваа во апсењето на 29 лица осомничени во врска со Исламска држава. Оваа група, во која спаѓа и Мирсад Омеровиќ, осомничен за директна врска со калифот на ИД, Абу Бакар ал Багдади во Сирија, имала поврзаност со Босна.
Омеровиќ, кој делувал под исламското „борбено име“ Ебу Тејм, е осомничен за собирање на финансиски средства за Исламска држава и регрутирањето на млади џихадисти, а се смета и дека ниедно заминување на џихадистите од Европа во Сирија не поминало без негова вмешаност.
Потрагата потоа ја донела полицијата до босанското село Горна Маоча, каде имало лица поврзани со ИД, пренесува Kurier, додавајќи дека Исламска држава имала свои центри и во села близу Зеница, Бихаќ и Брчко. Џихадистичките села и центри на поддршка за Исламска дражва во Босна развиле и безбедносен ризик за цела Европа.
Австрискиот весник ја истражил и актуелната состојба во овие места и дошол до заклучок дека терористичките ќелии веќе не постојат, бидејќи биле разбиени од страна на босанските власти, со поддршка од Австрија. Во меѓувреме, пак, сите познати салафистички села биле ставени под контрола на полицијата, потврдиле австриските и германските дипломати, кои им асистирале на босанските власти во акциите.
Командот на ЕУФОР, генерал-мајот Јохан Луиф потврдил за весникот дека „сите екстремистички села“ се сега под контрола. Со ова било ставено крај на регрутирањето на борци за Исламска држава, како и пад на бројката на младите кои се подготвени да се приклучат кон „светата војна“.
По разбивањето на босанско-ориентираните структури, австриските власти го насочиле фокусот кон чеченската сцена во Австрија. Според информациите, половина од лицата кои од Австрија отпатувале во џихад, а идентификувани биле некаде 250, се од чеченско потекло. Нивната структура не била погодена од акцијата против босанската екстремистичка сцена.
Големата мрежа на Чечени во Турција и Австрија и натаму се користи за трансфер на џихадистите во Сирија, тврди Kurier, додавајќи дека спречувањето на регрутирањето на борци е најкорисното оружје во борбата против Исламска држава, бидејќи без борци од странство оваа терористичка организација не би можела да преживее во Сирија и Ирак./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.