Европа
И Германија ја засили контролата на аеродромите

Германија, како претходно изминатиот викенд и Франција и Велика Британија, ги засили мерките за безбедност на аеродромите, откако САД изразија загриженост дека оперативци на Ал Каеда поседуваат бомба која може да биде внесена во авион.
Германскиот министер за внатрешни работи во вторникот соопшти дека надлежните служби се запознати со позаострените безбедносни мерки кои се во согласност со барањето на САД, пренесува Reuteurs.
„На германските аеродроми службениците веќе применуваат високо ниво на безбедносни мерки за време на проверувањето на патниците и нивниот багаж“, изјавил министерот, пренесуваат странските медиуми.
Тоа, практично, би значело дека патниците кои од Германија директно патуваат во Америка ќе мора своите технички апарати кои ги носат со себе, како лаптоп, мобилен телефон, ќе мора да се извадат и да се вклучат со цел да се утврди дека навистина тоа се тие предмети.
Од САД минатата седница најавија дека планираат да ги зголемат безбедносните мерки на аеродромите за директни интерконтинентални летови кон Америка. Тоа ги вклучува и аеродромите во Европа, Афика и Блискиот Исток.
Минатата недела Британија воведе слични мерки на претпазливост.
Се верува дека ограноците на Ал Каеда во Сирија и Јемен заедно работат врз производство на експлозив кој не може да биде откриен со помош на детекторите кои се користат на аеродромите, наведуваат американски безбедносни извори.
Безбедносните служби се загрижени дека милитантните групи би можеле да се обидат да постават прикриени бомби во авионите, така што истите би ги внеле екстремисти кои имаат патни исправи од западните земји./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Телото на папата Франциско денеска ќе биде преместено во базиликата

Телото на папата Франциско утрово ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар. Церемонијата започнува во 9 часот, соопшти Ватикан.
Телото на папата моментално е положено во ковчег во капелата на Домот Света Марта, каде што живеел за време на неговото папство.
Ватикан вчера соопшти дека погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота во 10 часот на плоштадот Свети Петар. Тој ќе биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим.
На последното збогување ќе присуствуваат стотици илјади верници, како и странски лидери како американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Европа
Путин призна дека Русија напаѓа цивилни цели во Украина, го обвини „киевскиот режим“ дека користи жив штит, објави Медуза

Владимир Путин во понеделникот призна дека Русија повеќе пати напаѓала цивилни цели во Украина, тврдејќи дека цел на овие напади биле украински војници и воена инфраструктура лоцирани во станбени и комерцијални области, пренесува Медуза.
Во изјава за новинарот на државната телевизија Павел Зарубин, рускиот претседател директно се осврна на рускиот напад на 13 април во центарот на Суми, во кој загинаа најмалку 35 луѓе, а повеќе од 125 други беа повредени. Путин рече дека нападот бил насочен кон украинските војници собрани тоа утро за да им бидат врачени награди за нивното учество во упадот во рускиот регион Курск:
„На пример, сите знаат за нападот на нашите вооружени сили врз Конгресниот центар на Универзитетот Суми. Дали е тоа цивилен објект? Да. Но, таму одржуваа церемонија на доделување награди за оние што извршија злосторства во регионот Курск – и членови на украинските вооружени сили и националисти. Тоа се луѓе кои ги сметаме за криминалци и кои заслужија одмазда за нивните дејствија, вклучително и во граничниот регион. Но, дали е тоа цивилен објект или не, режимот во Киев ги користи овие цивилни објекти“.
Во неговиот разговор со Зарубин, Путин ги спомна и претходните руски напади во Одеса врз земјоделската инфраструктура, тврдејќи дека украинските власти „заедно со нивните странски ментори“ развиваат и тестираат нова ракетна технологија на локацијата.
Дополнително, Путин опиша напад врз ресторан во кој наводно се собирале воени злосторници – очигледно упатување на рускиот напад на 4 април во станбена област Криви Рих, во кој загинаа најмалку 20 цивили.
Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.