Црна хроника
Приведен сторителот на двократното убиство во Вевчани

Полицијата го приведе педесет ишестгодишниот З.С. од Вевчани под сомнение дека е сторител на двократното убиство во Вевчани, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според последните информации, двете ранети лица во пукањето се во болница и се надвор од животна опасност.
Според информациите на МВР, инцидентот се случил во среда околу 21,30 часот во летната бавча на угостителскиот објект „Пјаца“ кога З.С. испукал 10 проектили од пиштол „Црвена застава“ калибар 7,65 милиметри кон четири лица кои седеле во кафе барот.
Од здобиените повреди, во општата болница во Струга починале две од повредените лица, Владо П.(43) и Мате Ѓ.(23) двајцата од Вевчани.
Лицето Г.К.(33) од Вевчани се здобило со повреди во пределот на левата надлактица поради што е пренесен во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, а И.П.(29) од Вечани поради три прострелни влезно-излезни рани во пределот на абдоменот е опериран во болницата во Струга.
МВР информира дека двајцата се надвор од животна опасност.
По настанот полицијата го привела З.С., осомничен за стореното кривично дело, а бил пронајден и пиштолот кој легално го поседувал.
Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на лице место, а причините за сега не се соопштени.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола.
Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.
По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.
Црна хроника
Жена ограбена во Ѓорче Петров

Шеесет и петгодишна жена била ограбена во Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, вчера Г.Ј.(65) од Скопје пријавила дека околу 17.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на сила и го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
Насилници уценувале девојче од Скопје – им дала 25.000 евра за да не го нападнат брат ѝ

Девојче од Скопје било уценувано од неколку соученици дека ако не им даде пари, ќе го нападнат нејзиниот брат кој има здравствени проблеми. На тој начин, девојчето од дома земало и им дало на насилниците 25.000 евра.
Според информациите на МВР, ноќеска во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.
Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.