Скопје
Скопското Кале осамна во магента

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија одлучија на своите корисници и на сите сограѓани да им приредат незаборавно доживување, глетка која ќе ги израдува, пејсаж што ќе им ги збогати доживувањата – обојувајќи го целото Скопско Кале во магента
Во духот на празничната магија и во желбата да се споделат моментите во овој период кога сите се чувствуваат понесени од емоции, преплавени од сознанието за завршувањето на оваа и возбудени од она што ги очекува во новата година, восхитени за времето што ќе го поминат со најблиските во празничниот период, Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија одлучија на своите корисници и на сите сограѓани да им приредат незаборавно доживување, глетка која ќе ги израдува, пејсаж што ќе им ги збогати доживувањата – обојувајќи го целото Скопско Кале во магента.
Калето осамна во бојата на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, чија идеја беше да им понудат на Скопјани да се разбудат покрај Кале обоено во магента во чувство и уверување дека сé е возможно, дека секој голем сон почнува со една единствена замисла и дека за сé што посакуваат треба да имаат сила, трпение и страст за да посегнат по ѕвездите и да го променат светот на подобро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)