Контакт

Македонија

Извештајот за СЈО ќе се разгледува в среда

Објавено пред

Седницата за Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се одложи поради координацијата на политичките партии, по барање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. На денешната седница не беа присутни претставниците од државните комисии за да ги образложат извештаите за нивното работење во текот на 2017 година, а притоа за нивното отсуство не го известиле ниту Собранието.

dobivaj vesti na viber

Иако беше најавен за денеска, сепак, извештајот на СЈО ќе биде презентиран в среда од страна на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

На денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците претседателот Александар Кирацовски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ највеќе се спореа околу тоа дали на расправата треба да бидат присутни и претставници на државните комисии, кои, според досегашното искуство, треба да ги бранат извештаите за сработеното.

Македонија

Не коментирам пораки Мицотакис, и ние и соседите би можеле да се однесуваме пријателски, да бидеме малку скандинавци, порача претседателката Силјановска – Давкова

Објавено пред

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова не сака да ги коментира најавите за вето од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за евроинтеграција на земјава, но смета дека и ние и соседите може да се однесуваме поинаку. Одговарајќи на новинарско прашање денес на одбележувањето на Денот на Европа, претседателката Силјановска-Давкова рече дека во Преспанскиот договор има механизми, почнувајќи од укажување па се до обраќање до генералниот секретар на Обединетите нации како и можност за постапка пред Меѓународниот суд на правдата за непочитување на договорот. Претседателката потсети дека тоа е истиот суд чија пресуда Грција не почитуваше, но сепак е механизам што постои и е гарантиран за секоја членка.

dobivaj vesti na viber

„Јас не можам да го спречам во тоа. Преспанскиот договор е точно дека е дел од преговарачката рамка, но не мислам дека тоа е во духот на развивањето на пријателските односи. Јас мислам дека и во традиционалната дипломатија можеби е добро да погледнеме, да фрлиме поглед врз културната дипломатија. Таму на поинаков начин ги решаваат проблемите. Мислам дека и ние со соседите би можеле, во пријателски дух, да се обидеме да се однесуваме на поинаков начин. И денеска тоа го кажав, малку да бидеме скандинавци“, рече претседателката Силјановска-Давкова.

Грчкиот премиер Мицотакис во неколку наврати во јавните настапи во Грција укажа на дека европскиот пат на нашата земја минува низ Грција и може да биде затворен ако не се почитува Преспанскиот договор.

„Кога некој го влече јажето, ќе треба да биде подготвен да се скине. И ако отстапува од договорениот тек, да знае дека ќе наиде на затворен пат кон Европа. Пат кој поминува од Грција и почитувањето на меѓународното право“, рече грачкиот премиер Мицотакис откако претседателката Силјановска – Давкова, давајќи заклетва во Собранието, не ги изусти зборовите Република и Северна туку кажа само Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонија е мала држава, но мислам дека заслужува да биде почитувана како и сите останати: Сиљановска Давкова за македонско-бугарското прашање

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова порача дека и за нас треба да важат истите критериуми за влез во ЕУ како и за дригите земји.

dobivaj vesti na viber

Според неа, Европската Унија е единство на различности, а ние како мала земја заслужуваме да бидеме почитувани како и сите останати.

Претседателката со реакција дека нејзиното барање за гаранции од италијанскиот претседател Серџо Матарела за нашиот пат во Европската Унија, дадено за време на посетата на Ватикан, била „формулација што не беше баш како што треба пренесена“.

„Прво да ви кажам дека тоа е една формулација што не беше пренесена баш како што треба. Кога јас зборував за гаранции со господинот Матарела миселв на оние кои што посегаат по вето. Мислев, пред се, дека ако ние веќе не знам колку пати сме го менувале Уставот и повторно сме се соочувале со нова промена. Крајно време е да знаеме дека ова што ќе се случува од страна на Бугарија е барање со кое може да се остави простор за вето врзано за Копенхашките критериуми меѓутоа не за прашања што се врзани за идентитет, за историја“, потенцира претседателката.

„Впрочем јас денеска немам прилика но и во договорот за ЕУ, особено во преамбулата, и во Лисабонскиот договор и во Повелбата за фундаменталните права, јасно е посочено дека ЕУ е единство на различности и дека ги прифаќа идентитетот, интегритетот, особено културниот и националниот идентитет, како нешта за кои не се разговара. Ние во поглед на многу прашања и многу критериуми сме биле исклучок. Крајно време е да се стави крај на тоа. Ние сме мала држава но мислам дека заслужува да биде почитувана како сите останати“, децидна е Сиљановска Давкова.

Прикажи повеќе...

Македонија

Можно е и порано да се додели мандатот за состав на новата влада, најави Сиљановска Давкова

Објавено пред

Можно е и порано да се додели мандатот се зависи од ситуацијата, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова која појасни дека не ја исклучува можноста пред завршувањето на последниот рок да го додели мандатот за состав на новата влада.

dobivaj vesti na viber

„Се зависи од ситуацијата. Уставот вели 10 дена и потоа 20 дена за да се состави владата. Јас ќе ги проучам термините“, додаде таа.

Прашана за коментар за обвинувањата на Европскиот фронт за мајоризација над малцинството, рече дека тоа апсолутно не држи.

„Тоа обвинување не држи. Не разбирам што значи тоа мајоризација над малцинството. Нема такво нешто. На изборите има еден победник.

Секогаш нашите влади од првата во 90-тите години од минатиот век, па до денеска биле мултиетнички затоа не можам да забележам мајоризација“, истакна таа.

Според неа, изборот на владата се прави според идеолошката определба, според програмските определби и според наоѓањето со кого би постигнале најдобри реформски резултати.

„Логично е некогаш да бидете власт, а некогаш да бидете опозиција. Опасно е да бидете секогаш власт. Власта оптоварува, а апсолутната власт – апсолутно, и затоа време е за промени“, потенцира Сиљановска Давкова.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Не коментирам пораки Мицотакис, и ние и соседите би можеле да се однесуваме пријателски, да бидеме малку скандинавци, порача претседателката Силјановска – Давкова

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова не сака да ги коментира најавите за вето од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за евроинтеграција на земјава,...

Македонија6 минути

Македонија е мала држава, но мислам дека заслужува да биде почитувана како и сите останати: Сиљановска Давкова за македонско-бугарското прашање

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова порача дека и за нас треба да важат истите критериуми за влез во ЕУ како и...

Македонија2 часа

(Видео) Стоилковски: ЈО наводно истражува заговор во Хирургија, а власта и директорите си прават средби и се договараат

„Сведочиме за последните политички „купи ден-продај“ зафати на СДС-ДУИ. Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора...

Македонија5 часа

Лога со писмо ја известил меѓународната заедница за најавите за упад од парламентарното мнозинство врз правосудниот систем

Министерот за правда, Кренар Лога, испратил писма до делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, до амбасадите на САД, Германија, Франција,...

Свет5 часа

Украина: Прекрасно изгоре, уништивме ракетен систем во Русија со западно оружје

Украинските власти соопштија дека вчера успешно го погодиле рускиот ракетен систем „С-300“ користејќи оружје испорачано од Запад. Системот бил лоциран...

Свет5 часа

Америка: Единственото нешто што спречува итно примирје е Хамас

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека предлогот за прекин на огнот во Газа што го претстави американскиот претседател...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Стани Цаци, Јово грант, доктор тендер корона Филипче – нема кандидат за претседател на СДС што не е поврзан со криминал

„Иднината на партијата која и ја даде Македонија на тацна на ДУИ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани...

Македонија6 часа

Американскиот амбасадор во Бугарија за македонско-бугарското прашање: „Не поддржуваме дијалог што промовира дискриминација, омраза или непријателство“

„Ние не поддржуваме дијалог што промовира дискриминација, омраза или непријателство, покажана од која било земја кон соседните земји или заедници...

Регион6 часа

Осомничениот за убиството на малата Данка денеска пред обвинител: реши да го прекине молчењето и да се произнесе

Осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ (2), Срѓан Јанковиќ, кој се бранеше со молчење два месеца, реши да се...

Економија1 ден

Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Економија1 ден

Новиот газда на „Еуроникел“ на вработените им нуди минимални плати: Ако не потпишете ќе увеземе работници од Косово

Новите газди на кавадаречки „Еуроникел индустри“ на досегашните вработени кои останаа без работа им понудиле договори за вработување со минимални...

Македонија1 ден

Филипче се кандидира за претседател на СДСМ: „Мојата цел е да ја обновиме и повторно да ја подигнеме партијата“

Ексминистерот за здравство, Венко Филипче, објави дека одлучил да се кандидира за претседател на СДСМ, на претстојните внатрепартиски избори. Тој...

Свет1 ден

(Видео) Апокалиптични сцени од Германија: обилните дождови предизвикаа големи поплави, за еден ден паднал дожд колку за цел месец

Состојбата со поплавите во јужна Германија и понатаму е напната. Германската метеоролошка служба повторно предупреди на обилни врнежи од дожд....

Македонија1 ден

Вјолца Бериша ќе раководи со Министерството за земјоделство до изборот на нов министер

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека со верификацијата на претеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот...

Македонија1 ден

ДС: Брза промена на надлежностите на некои министерства, за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата

Демократскиот сојуз смета дека промената на надлежностите на некои министерства и формирањето нови треба да се одвива со брзо темпо...

Македонија1 ден

Тирон Јајага ќе раководи со Министерството за одбрана до изборот на нов министер

Министерството за одбрана известува дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28 мај на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и...

Свет1 ден

Кина: Toj што ќе се осмели да не’ раздели од Тајван ќе биде здробен на парчиња

Кинескиот министер за одбрана Донг Јун предупреди дека секој што ќе се осмели да бара независност на Тајван ќе биде...

Свет1 ден

Земјотрес од 5,9 степени во Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово централниот дел на Јапонија, но не е издадено...

Регион1 ден

СНС освои најмногу гласови во Белград, Нови Сад и Ниш на локалните избори во Србија

СНС освои најмногу гласови во Белград, Ниш и Нови Сад на локалните избори што се одржаа вчера во Србија во...

Топ2 дена

Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница

Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Од полицијата велат дека се работи...