Скопје
Општина Кисела Вода им додели ваучери на семејствата со принова
Општина Кисела Вода им додели ваучери од шест илјади денари на родителите на 41-но новороденче.
По четиринаесетти пат во понеделник беа доделени ваучери за новородените дечиња во Општина Кисела Вода.
„Да се додели еднократна парична помош во висина од 6.000 денари на семејствата кои имаат принова беше одлука што ја донесовме кон средината на претходната година и оттогаш, заклучно со денес доделивме 618 ваучери“, истакна претседателот на Советот на општина Кисела Вода, Трајче Донев пред присутните родители.
Во своето обраќање тој ја потенцираше важноста на секое новородено дете за опстанокот на општеството.
„Во услови кога не само Македонија, туку и речиси сите земји во регионов и повеќето земји од Европската унија се соочуваат со пад на наталитетот, драго ми е што можам да кажам дека денеска ќе доделиме ваучери за 41-но новороденче, што е значаен придонес во опстанокот на нашата нација, бидејќи семејството е главниот столб за опстанок на еден народ, за градење на едно здраво и силно општество. Од нив 20 се машки, а 21 женски деца“, истакна Донев.
Пред да ги додели ваучерите, тој уште еднаш ги повика сите нови родители кои ги испоплнуваат критериумите да ја достават потребната документација до административните служби и да го остварат своето право за еднократна парична помош која им ја доделува општина Кисела Вода.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

