Спорт
Судијата со канта за ѓубре наместо срце ќе го суди ФА куп-финалето!
Мајкл Оливер, младиот англиски судија за кого Џиџи Буфон изјави дека наместо срце има „канта за ѓубре“, е именуван за главен судија на ФА куп финалето меѓу Манчестер јунајтед и Челси на 19 мај.
Ова е знак на поддршка за Оливер од страна на англиската ф…


Мајкл Оливер, младиот англиски судија за кого Џиџи Буфон изјави дека, наместо срце, има канта за ѓубре, е именуван за главен судија на ФА куп-финалето меѓу Манчестер јунајтед и Челси на 19 мај.
Ова е знак на поддршка за Оливер од страна на англиската федерација откако судијата беше вмешан во скандалозната завршница на четврт-финалето од ЛШ помеѓу Реал Мадрид и Јувентус на „Сантијаго Бернабеу“.
Оливер досуди пенал за Реал во 93. минута од мечот во моменти кога Јувентус водеше 3:0 и така имаше обезбедено продолженија. Играчите на Јуве нормално реагираа по што Оливер му даде црвен картон на капитенот Буфон. Кристијано Роналдо постигна гол и го однесе Реал во полуфиналето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер на Меси му нуди договор „да игра до кога сака“

Фудбалскиот клуб Интер Мајами е во преговори со Лионел Меси за продолжување на договорот.
Доколку не се случат непредвидени настани, Аргентинецот ќе остане во Мајами. Се зборуваше за негово можно заминување со цел подобро да се подготви за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во Канада, Мексико и САД, а би било лош публицитет за Американците ако Лео одлучи да си замине кога ќе му истече договорот на крајот од годината.
Се шпекулираше дека сака да игра во посилна лига, но Интер прави сè за да го задржи, па затоа по негова волја беше доведен и Родриго де Пол од Атлетико Мадрид. Интер за овој трансфер издвои 15 милиони евра.
Покрај тоа, тие размислуваат за договор од најмалку три години, па дури и подолг доколку Лео го сака тоа. Ќе се обидат да постигнат договор според кој Аргентинецот ќе може да избере кога сака да стави крај на својата кариера, односно тоа да не е временски ограничено.
После тоа, Меси би се фокусирал повеќе на учество во управувањето со Интер Мајами, каде што има и акции, но не би било изненадувачки ако се посвети на одредени операции во Барселона.
Спорт
Њукасл јунајтед одбил вистинско богатство за Исак

По неколку недели шпекулирање, Ливерпул конечно одлучи да испрати официјална понуда до Њукасл за најдобриот стрелец на тимот, Исак. „Страчките“ ја одбиле понудата.
„Њукасл одби понуда од 120 милиони фунти, или речиси 140 милиони евра и одредени бонуси, испратена до нив од Ливерпул“, објави новинарот на „Атлетик“ Дејвид Орнштајн.
Наместо да ја прифати понудата, Њукасл му понуди на 25-годишниот напаѓач нов договор со клаузула за заминување што може да се активира следното лето, но тој остана цврст во својата одлука да го напушти клубот.
Неговата желба е да се пресели во Ливерпул, но она што е сигурно е дека клубот од „Сент Џејмс Парк“, нема да го пушти шведскиот репрезентативец сè додека, односно, не најде соодветни засилувања.
Њукасл претходно изрази интерес за Јоан Виса од Брентфорд, кој одби да тренира (за што ќе биде строго казнет), револтиран што клубот не му дозволува трансфер.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
На Донарума му понудиле 20 милиони евра од сезона

Џанлуиџи Донарума минатата сезона беше совладан 43 пати на 47 натпревари, при што на 17 натпревари не прими гол. ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, Лига 1 и Купот на Франција. И покрај споменатите успеси, се зборува за можна разделба на ПСЖ и италијанскиот репрезентативен голман.
Проблем за „светците“ е неговата плата од 12 милиони евра по сезона, но и можноста на крајот да остане без никаква отштета, доколку одлучи да си замине како слободен играч.
ПСЖ не сака да му се случи Мбапе и да остане без важен играч, а да не добие обесштетување.
Најсериозен интерес покажува Манчестер јунајтед, пишуваат англиските медиуми, но тој клуб не е единствениот што би сакал да го доведе Донарума. Тоа веќе беше споменато претходно во контекст на трансферот во Галатасарај, има интерес и од Саудиска Арабија.
Според информациите, двата клуба му нудат по 20 милиони евра по сезона.